„Го прашав старец Гаврило како да постам, не насетував тогаш што ќе ми каже. Кога го прашав тој ме погледна, молчеше некое време, а потоа ме одведе на страна за никој да не слушне. Ми го раскажа сиот мој живот, сите мои гревови што ги направив уште од детството, како да беше покрај мене.
Бев многу потресен. Запрепастен. Почнав да плачам. Кога се прибрав, повторно седнавме, старецот беше многу благ и ме тешеше..
Потоа донесе некое послужување и ми рече: "Ајде земи, послужи се малку."
Онака вознемирен реков: "Отец,не можам ништо сега да јадам ."
Старецот Гаврило тогаш го одложи послужавникот и рече:
"Ете, дете мое, ова е пост. Кога ќе ги видиш своите гревови, па од болка не можеш да јадеш.“
Извор: ФБ профил на Исптечен Православник