логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

         Во богослужбата на празникот слегувањето на Светиот Дух се одбележува заедно со јавувањето на Светата Троица на луѓето, затоа што во доаѓањето на Светиот Дух при луѓето се пројавува полнотата на Божеството, Неговото самооткривање и самооддавање на Своето творение. Во православното Предание Педесетница често се нарекува Троица и дури во центарот на храмот во текот на тој ден се изнесува иконата на Света Троица во вид на трите ангели кои што му се јавиле на праотецот Авраам. Каноничката икона за слегувањето на Светиот Дух изобразува огнени јазици на дванаесетте апостоли, кои се седнати во единство опкружувајќи го симболичкиот лик на светот – „космосот”. Тоа е и првиот лик на „апостолската” Црква.

 

Во денот на Педесетница завршува спасителното дело, затоа педесеттиот ден постанува начело на новата ера, која излегува зад пределите на нашиот свет. И самиот тој број, како во јудејската, така и во христијанската традиција, ја означува вечната и небесна полнота: седум помножено no седум плус еден.
Педесетница уште се нарекува „апокалиптичен ден” (т.е. „ден на последното откровение”) или „есхатолошки ден” (т.е. „ден на полниот крај”), зашто кога доаѓа Месијата и се приближува Господовиот ден настапуваат „последните денови” во кои „вели Бог, ќе излеам од Мојот Дух врз секоја плот” (Дела 2:17; Јн.2:28-32). Тоа древно пророштво се споменува од апостол Петар во неговата прва проповед во денот на Педесетница.
            Божествената Литургија во тој ден ни напомнува за нашето крштевање и одново наместо „Свети Боже” се пее крштелната песна од Посланието до Галатјаните. Обичните антифони исто така се земаат со, соодветни на празникот, стихови од псалмите. Во апостолското и евангелското читање се говори за слегувањето на Светиот Дух врз луѓето. Во кондакот се пее за Божјото дејствие, спротивно на Вавилонското разделување на јазиците: на Педесетница Бог ги обединува народите во единство на Духот. Тропарот го разгласува уловувањето на целата вселена во Божјата мрежа со трудот и подвигот на вдахновените апостоли. За прв пат по Пасха се пеат молитвите „Царе небесни” и „Видовме Вистинска Светлина”, повикувајќи го Светиот Дух „да дојде и да се всели во нас” и разгласувајќи дека ние „примивме Небесен Дух”. Храмовите се украсуваат со цвеќиња и летни зеленила во знак на тоа дека Божјиот Дух доаѓа како „Давател на животот”, за да ја обнови целата твар.
Благословен си, Христе Боже наш, Ти, Кој што ги направи премудри рибарите, испраќајќи им го СветиотДух, и преку нив ја улови вселената, Човекољупче, слава Ти.

Avraamovo.GOSTOLJUBIE
☦️Тропар
Севишниот кога слезе ги помеша јазиците и ги раздели народите, а кога ги раздаваше огнените јазици тогаш сите ги повика кон единство, и ние едногласно Го славиме Сесветиот Дух.
☦️Кондак
http://www.pppe.mk/.../sleguvane-na-svetiot-duh-pedesetnica/
На Великата Вечерна се читаат три долги молитви, за време на кои верниците, за првпат по Пасхата, коленичат.
☦️Молитва прва
Пречист, чист, беспочетен Господи, Ти си невидлив, недостижен, неизменлив, непобедлив, неизмерлив и незлобив. Ти си единствен бесмртен и живееш во недостапна светлина. Ти си го создал небото и земјата, морето и сè што е создадено во нив. Ти ги исполнуваш молбите на сите, уште пред да побараат. Тебе Ти се молиме, Владико, Човекољупче, Оче на нашиот Господ и Спасител - Исус Христос, Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небото, се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева, преславната Богородица. Тој не учеше првин со зборови, па ни покажа и дела, претрпе спасителни страданија и ни даде на нас, смирените, грешните и недостојни Твои раби, пример, како да Ти принесуваме молитви со клечење и со наведнати глави, за нашите сопствени гревови и за гревовите направени од народот од незнаење. Самиот Ти, човекољубив и многумилостив Владико, чуј не секогаш кога Те повикуваме и Ти се молиме, но особено во овој ден на светата Педестница, во кој, нашиот Господ Исус Христос, откако се вознесе на небото и седна оддесно на Оца, го испрати на Своите свети ученици и апостоли Светиот Дух, Кој застана врз секого од нив и се исполнија со Неговата вечна благодат и говореа на разни јазици за Твоите големи дела и пророкуваа. И така, чуј нè сега нас, кои Ти се молиме: спомни си за нас, Боже, понижените и осудените, и врати ги од ропство нашите души, имајќи милост кон сè, прими не нас, кои паѓаме пред Тебе и велиме: згрешивме. Кон Тебе сме приврзани уште од мајчината утроба, уште оттогаш Ти си наш Бог, но, бидејќи во суета поминаа нашите денови, ја изгубивме Твојата помош и се лишивме од секаква можност за оправдување. Сепак, охрабрени од Твоите добрини, ние Те молиме: за гревовите од нашата младост и за гревовите извршени од незнаење, не спомнувај си, и од нашите тајни гревови очисти нè. На старост не отфрлај не; кога ќе ослабне нашата сила, не оставај не. Пред да се вратиме во земјата, помогни ни да се обратиме кон Тебе; дај ни ја Твојата благодат и биди благонаклонет кон нас. Беззаконијата наши измери ги со мерката на Твојата милост; безбројните добрини спротивстави ги на мноштвото наши беззаконија. Господи, милосно погледни од Твојата света височина на Својот народ што стои овде и чека од Тебе богата милост. Посети нè со Твојата добрина и избави нè од насилството на ѓаволот. Утврди го нашиот живот Во Твоите свети и возвишени закони. Довери го Твојот народ на ангел, верен пазител. Сите нас прими нè во Твоето царство; дај им прошка на оние што се надеваат на Тебе; прости ги нивните и нашите гревови; очисти не преку дејството на Твојот Свет Дух, разруши ги лошите помисли на нашиот непријател.
Благословен си, Господи, Владико, Седржителу, Кој си го осветлил денот со светлината на сонцето, а ноќта си ја направил јасна со огнени светилки. Ти, удостој не да го поминеме овој ден и да се доближиме до почетокот на ноќта; послушај ги молитвите наши и на сите Твои луѓе, и проштевајќи ги сите наши гревови, волни и неволни, прими ги нашите вечерни молитви и испрати му на Твоето наследство милост и добрини. Заштити не со Твојата вистина, зацврсти не со Твојата сила, избави нè од секаков напад и лоша помисла на нашите противници. Дај ни, оваа вечер со ноќта што настапува, па и сите денови на нашиот живот, да ни бидат совршени, свети, мирни, без грев, без соблазни, без празни мечти, преку молитвите на пресвета Богородица и на сите светии, кои од памтивек Тебе Ти благоугодувале.

Avraamovo.GOSTOLJUBIE


☦️Молитва втора
Господи, Исусе Христе, Боже наш, Ти си им го дарувал на луѓето Својот мир уште додека си бил меѓу нив и секогаш си им го давал на верните дарот на Светиот Дух, како постојано наследство. Денес, таа благодат јавно си ја испратил на Твоите ученици и апостоли, а устите си им ги утврдил со огнени јазици. Преку нив ние, целиот човечки род, го чуваме на својот роден јазик богопознанието и го примивме, се просветивме со светлината на Духот и се избавивме од заблудата како од темнина. Се научивме да веруваме во Тебе по натприроден пат преку раздавање чувствени и огнени јазици, и се просветивме да богословуваме дека Ти си од Оца и Светиот Дух, Едно Божество, една сила и власт. И така, Ти, Светлино на Оца, непроменлив и непресаден образ на Неговото суштество и природа, извор на премудрост и благодат, отвори ги устите и на мене грешниот и научи ме како е потребно и за што да се молам. Зашто Ти ги знаеш многубројните мои гревови, но Твојата добрина ќе го победи нивното мноштво. Ете, со страв стојам пред Тебе, во морето на Твојата милост сум ја фрлил својата очаена душа. Ти, Кој со зборови преку Својата неискажана сила и премудрост ги раководиш сите суштества, управи го мојот живот. Ти си мирно пристаниште; покажи ми по кој пат да тргнам. На моите мисли дај им го духот на Твојата премудрост, духот на разумот дарувај го на мојата неразмуност; со дух на страв пред Тебе осени ги моите дела; со вистински дух обнови ја мојата внатрешност и со Дух што владее утврди ја непостојаноста на мислите мои, та поучуван секој ден од Твојот благ Дух за добри работи, да се удостојам да ги исполнувам Твоите заповеди и секогаш да ми е на ум Твоето славно доаѓање, кога ќе бидат испитани делата што сме ги сториле. Не ме оставај да се соблазнам од убавините на овој свет, но утврди ме во стремежот кон идните блага. Зашто, Ти, Владико, си рекол: што и да посака некој во Твое име, ќе го добие од Твојот небесен Отец. Затоа, и јас грешниот, при доаѓањето на Твојот Свет Дух, ја молам Твојата добрина: сè што барав дај ми го за спасение. Навистина, Господи, Ти си благ и добар дарител на секое добро дело, зашто Ти даваш изобилно сè што ќе посакаме. Ти сочувствуваш и си милостив, Кој безгрешно си станал соучесник на нашето тело; како добар по срце, се доближуваш до оние што коленичат пред Тебе. Ти си очистување на нашите гревови. И така, Господи, дај ги на Своите луѓе Твоите добрини и послушај нè од Твоето свето небо. Благослови не со Својата света десница, заштити не со покривот на Твоите крилја и не ги изоставај делата на Твоите раце. Пред Тебе грешиме, но и Тебе Единствениот, Ти служиме; не знаеме да се поклонуваме на туѓи богови, ниту да ги испружиме рацете кон друго божество. Прости ни ги нашите гревови и, примајќи ги нашите поклонувања и молитви, испружи ја Твојата света рака кон сите за помош; прими ја молитвата на сите како пријатно кадило во Твоето предобро царство.
Господи, Господи, Кој си нè избавил од секоја стрела што лета дење: избави нè од секое нешто што станува во темнина. Подигањето на нашите раце прими го како вечерна жртва. Удостој не и ноќно време, без порок да минеме, неискушувани од лоши работи и избави не од забуна и плашливост, кои што доаѓаат од ѓаволот. Дарувај и на нашата душа радост, а не помисли на загриженост, за испитувањето што ќе биде на Твојот страшен и праведен суд. Прикови го нашето тело кон стравот пред Тебе и умртви ги нашите делови, кои што се земни, така што и во ноќната тишина да засветлиме преку гледањето на Твоите пресуди. Отстрани од нас секакво недостојно мечтаење и злобно посакување. Издигни нè во време на молитва, укрепи нè во верата и направи не исполнители на Твоите заповеди.
Боже, заштити не, спаси, помилуј и запази не, со Твојата благодат.


☦️Молитва трета
Христе, Боже, Ти си извор полн со живот, што изобилно тече и вечно просветува. Ти си севечна творечка сила на Оца. Ти прекрасно ги исполни сите планови за спасението на луѓето. Ти ги уништи оковите на смртта и ги скрши клучевите на пеколот, а демонското мноштво го победи. Ти пострада за нас како непорочна жртва, го принесе Твоето пречисто Тело и преку тоа страшно и необјасниво дело ни даде живот вечен. Ти слезе во адот и ги искина вечните синџири; на тие што седеа во темнина, им покажа пат за излегување; а најзлобниот - ѓаволот кој се наоѓаше во длабочината на адот, го фати преку богомудрата примка, го врза со синџирите на мракот и го фрли во пеколот - Во огнот што не гасне. Го врза со Својата безмерна сила и го фрли во внатрешната темнина. Ти, великоименита Премудрост на Оца, се јави како голем помошник на постраданите од напасти, и ги просвети оние што седеа во смртна сенка. Ти си Господ на славата што вечно се пројавува и мил Син на Севишниот Отец; Вечна Светлина од Вечната Светлина и Сонце на правдата. Послушај нè нас кои Ти се молиме и успокој ги душите на Твоите раби на порано умрените татковци и браќа наши, на роднините наши по тело и на сите блиски по вера, за кои сега правиме спомен. Зашто во Тебе е власта над сите и во Својата рака ги држиш сите краишта на земјата. Владико и Седржителу, Боже на оците и Господи на милоста, Создателу на смртниот и бесмртниот род и на секоја човечка природа, создавана и пак разрушувана, Господару на животот и смртта, на овдешниот и идниот живот, Ти го мериш времето на живите и им го определуваш преку сила; Ти полезно го устројуваш сегашното и сообразно со целта упатуваш кон идното; погодените од болката на смртта ги чуваш живи со надеж на воскресение. Ти, Владетелу над сите, Боже, Спасителу наш, надеж на тие што живеат по сите краишта на земјата и на оние што се по морето, во овој голем и спасителен ден, на празникот Педесетница, ни ја покажа тајната на светата единосушна вечна, неразделена и неслиена Троица. Ти го испрати Светиот и животворен Дух во вид на огнени јазици над Твоите свети апостоли; нив ги постави за благовесници на благочестивата наша вера и направи од нив исповедници и проповедници на вистинското богословие. Ти и во овој спасителен и совршен празник си не удостоил, да ги примиш очистителните молитви за оние што се во адот и ни даваш големи надежи за олеснување на нивните маки. Послушај не нас, Твоите достојни за сочувство и смирени раби, што Ти се молиме и успокој ги душите на умрените наши браќа, насели ги во место светло, пријатно, проладно, каде што нема никаква болка, тага и воздишка, удостој ги со мир и олеснување. Зашто мртвите нема да Те фалат, Господи, ниту оние што се во адот ќе смеат да Те исповедаат, затоа ние, живите, Те благословуваме и Ти принесуваме очистителни молитви и жртви за нивните души. Боже Велик и вечен, свет и човекољубив, Кој не удостои и во овој час да застанеме пред Твојата непристапна слава, за да ги воспеваме и фалиме Твоите чудеса, очисти нè, недостојните Твои раби, дај ни благодат, та со скрушени срца и без горделивост да Ти принесуваме трисвето славословие и благодарност за големите Твои дарови, што си ни ги давал и секогаш ни ги даваш. Спомни си, за нашата немоќ и не уништувај нè со нашите беззаконија, но кон понизноста наша покажи голема милост, та, откако ќе го избегнеме гревовниот мрак, да одиме во виделината на правдата и штом ќе се облечеме во оружјето на светлината, да бидеме поштедени од секаква зла мисла на лукавиот и со стравопочит да Те прославиме Тебе за сè - Единствениот вистински и човекољубив Бог. Зашто, навистина, во Твојата власт е, Владико и Творецу на сè, и, всушност голема тајна е, како временото разрешување на Твоите созданија, така и создавањето, потоа и вечното успокојување. Тебе Ти изјавуваме благодарност за cè - за влегувањето во овој свет и за излегувањето, тоа нешто однапред ни дава надеж, според Твоето вистинско ветување, дека при идното второ доаѓање ќе добиеме воскресение и нетрулежен живот. Зашто Ти си началник на нашето воскресение, а за оние што живееле - непоткупен и човекољубив Судија, и на давањето, Владика и Господ. Ти, од преголемо смирение, стана еднаков со нас, соучесник по крв и тело и ги прими нашите неотклонливи страсти кога, поради големо милосрдие, доброволно се подложи на испитување; Сам, бидејќи искушуван во она што пострада, на нас искушуваните стана добороволен помошник и на тој начин не издигна до Твојата безгрешност. И така, Владико, прими ги нашите молби и молења и успокој ги татковците наши, мајките, чедата, браќата, сестрите, сè еднородно и едноплемено со нас и сите порано упокоени души - со надеж на воскресение за вечен живот. Запиши ги нивните имиња во книгата на животот и постави ги душите нивни во пазувите на Авраама, Исаака и Јакова, на страната на живите, во небесното царство, во сладосниот рај, воведувајќи ги сите преку Твоите светли ангели во светите Твои живеалишта и издигнувајќи ги нашите тела во денот што си го определил, согласно со Твоите свети и вистински ветувања. Господи, излегувањето од телото и доаѓањето наше при Тебе, нашиот Бог, не е смрт за Твоите раби, а преместување од многужално кон многуполезно и многусладосно, кон успокојување и радост. Ако со нешто сме згрешиле пред Тебе, биди милостив кон нас и кон нив, зашто пред Тебе никој не е безгрешен, макар и, ако само еден ден да живеел. Само Ти Единствен си се јавил безгрешен на земјава, Господи наш, Исусе Христе, и преку Тебе сите се надеваме да добиеме милост и прошка на гревовите. Затоа и нам, и ним, како благ и човекољубив Бог, олесни, разреши и прости ни ги гревовите, волни и неволни, јавни и скриени, сознателни и несознателни, извршени со дело, помисла или зборови, во сите наши животни постапки. На заминатите дарувај им слобода и прошка, а нам, кои сме тука, благослови не дарувајќи ни добар и мирен крај, како и на сите Твои луѓе. На страшното и ужасно Твое второ доаѓање, отвори го кон нас Твоето милостиво и човекољубиво срце и направи не достојни за Твоето царство.
Боже Велик и Вишен! Ти си единствен бесмртен и живееш во непристапна светлина, премудро си ги створил сите созданија и си ја разделил светлината од темнината, поставувајќи го сонцето да управува со денот, а месечината и ѕвездите да ја управуваат ноќта. Ти си не удостоил нас грешните и во овој час, со исповедување да се јавиме пред Твоето лице и да Ти принесеме вечерна служба. Ти човекољубив Господи, направи да се издигне нашата молитва како темјан пред Тебе и прими ја како најпријатна миризба. Дај ни да поминеме мирно оваа вечер и во ноќта што доаѓа. Облечи не во оружјето на светлината, избави не од ноќен страв и од секое нешто што станува во темнина. И сонот што си ни го дарувал за одмор поради нашата немоќ, дај ни да биде слободен од секакво ѓаволско мечтаење. О, Владико на сите, Дарителу на добрини! Дај ни ноќе на своите легла со умилност да го спомнуваме Твоето пресвето име; и, озарувани од изучувањето на Твоите заповеди, со душевна радост да станеме за да ја славословиме Твојата добрина принесувајќи и на добросрдечноста Твоја, молитви и молби за нашите гревови и за гревовите на сите Твои луѓе, според молитвите на пресветата Богородица, милосно посети ги.

 

Манастир Св. Никола - Љубанци - Скопска Црна Гора

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1617
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3797
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 8425
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная