КОН ШТО МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ОМРАЗАТА КОН РОДИТЕЛИТЕ – Јулија Сергеевна Еротеева
Проблемот на татковците и децата отсекогаш постоел, тој е опишан во делата на класичната литература, изразен е во уметноста, музиката, киното, за него сведочат мноштво историски источници. Огромен број на научни истражувања се бават со анализа во таа област, при што се трудат да ги пронајдат причините на непријателството помеѓу две поколенија, а исто така за изучување на овој проблем е потрошена огрома сума на финансиски средства. Исто така, во последните неколку години во нашата земја буквално се појави епидемија на омраза кон родителите, која што добива мошне загрижувачки пресврти и се шири, речиси како рак.
Причините за појавување на толку жестока, сеопфатна омраза кај потомците кон оние, кои ги донеле на свет, се различни и треба да бидат разгледани во поединечна статија. Ова се должи на остриот пад на духовното и моралното здравје на граѓаните, рушење на идеалите на бракот и семејството, ниското ниво на доход помеѓу основната маса на население и многу други фактори. Особен разговор бараат оние аморални принципи, кои ги промовираат современите медиуми и кои разрушувачки влијаат на психата на човекот, а особено кај малото дете. Сега ние ќе прозбориме за погубното дејство на омраза кон најблиските луѓе, кое влијае на многу сфери од животот. Дебати на таа тема се водат уште од поодамна, а сепак не сите заклучоци се вистинити и точни и можат да бидат полезни. Напротив, тие можат да не одвлечкаат во таков густеж, од кој тешко да ќе можеме да се извлечеме, ако воопшто имаме сила.
На пример, широко е распространета заблудата за тоа, дека ако родителите не направиле ништо добро за своето дете, тогаш апсолутно нема за што да бидат почитувани. Како прво, тука е неопходно да сфатиме, со какви критериуми претставниците на ова погрешно мислење го оценуваат значењето и реалното добро на овие или оние постапки на своите родители. Некои од нив чувстуваат голема навреда и злост, а некој од нив е озлобен на своите родители, поради тоа што тие нмеаат замок во Франција и не ги носат на одмор на Алпите. Други пак се ожесточуваат на нив кога тие им откажуваат да задобијат средство за патување, така да кажеме – автомобил. Постојат и такви чеда, кои доживуваат јарост поради тоа што, родителите не сакаат да им купат нови фармерки.
Малку е веројатно дека гореспомнатите критериуми заслужуваат барем малку внимание и сочуство. Но, има и такви луѓе кои, биле изложени и на жестоко обраќање и трпеле тепање, малтретирање и понижување од страна на своите родители или биле целосно напуштени од нив. Исто така, има и такви, кои страдаат поради тоа што родителите не им подариле доволно количество на внимание, грижа и љубов, на секој можен начин ги игнорирале и ја претпочитале кариерата над поминувањето на време со своите деца. Но, дотолку повеќе, може ли овие деца да чувстуваат омраза во однос на оние, кои ги донеле на свет?
Несомнено можат – никој нема право да му забрани на човекот да доживува вакви или онакви чувства. Но, дали тоа ќе му донесе полза на самиот него е прашање од особена важност и во продолжение ние ќе го разгледаме.
Роднините треба да се почитуваат барем за тоа што нивната крв тече во нас. Во секој од нас има нешто добро, а исто и нешто лошо. Но, се случува така, што во поединечните луѓе преовладува или првото или второто. Дотолку повеќе, треба да се замислиме за тоа, дека ако ние сме испаднале такви добри, тоа не можело да произлезе просто така, одеднаш, со едно замавнување на вошебното стапче. Во сето тоа има и определена заслуга на нашите претци, благодарение на кои на свет се појавиле нашите родители: никој не може да го уништи генетскиот фактор! Доколку родителите поради овие или оние причини не ги оправдале нашите очекувања, тоа не значи, дека тие се автоматски лоши луѓе.
Веројатно, на пример, дека во нивниот живот се случило нешто такво, што ги потресло и силно подејствувало врз нив, оставајќи мноштво негативни особини. Поради тоа треба само да бидеме сочуствителни кон нив и да ги пожалиме: неизвесно е како ние би се повеле, доколку се најдеме во истоветна ситуација. Можно е, нивната љубезност, нивната искреност да биле скршени под налетот на јаремот на притисокот на ситуациите и тие не нашле во себе сила да се борат, за да се извлечат од нив. Исто така нашите родители ни ги предале тие својства нам, свесно или несвесно. А самите пак тие, ги добиле од своите родители, а нивните родители – од своите итн. Следстевно, ние не би биле такви, какви што сега сме, доколку би раснеле во друго семејство. Значи, во секој случај има смисла да покажуваме почит кон оние, благодарение на кои сме се појавиле на свет.
Ако човекот се одрекува од своите роднини и блиски, тој се одрекува од самиот себе. Да го натерате човекот да направи нешто што не е по неговата волја, е несомнено, многу сложено, а да го принудите нешто да почувствува – дупло е попроблематично. Поговорката “нема збор ‘не сакам’, туку само збор ‘треба’” е актуелна повеќе за “обврзните” работи. Треба на пример, да се оди на работа но, колку илјади (или милиони ?) луѓе го прават тоа, со стиснати заби и крепејќи си го срцето? Сепак, почитта кон блиските, вбројувајќи и ги тука и роднините, се однесува на потполно друга категорија. “Почитувај си ги мајка си и татко си, за да се продолжат твоите денови на земјата.” Многумина обрнуваат внимание само на првиот дел на заповедта, потполно заборавајќи на нејзиниот втор дел – “за да ти се продолжат деновите на земјата’. Господ не ни говори “Љуби ги твоите мајка и татко”, Он ни вели “Почитувај ги”. Ајде да го разгледаме значењето на тој збор. Согласно речникот на Далја “да почитуваш е – да сметаш, признаваш, прифаќаш, земаш за”. За клучни зборови овде се јавуваат зборовите “да признаваш” и “да прифаќаш”. Т. e. – признај ги твоите родители и прифати ги такви какви што се, за тебе да ти биде добро на земјата. Ти твоите родители никако нема да ги измениш, а пак со твоето лошо однесување кон нив, самиот ти можеш многу силно да си наштетиш. Ако ти ги мразиш со горка омраза, им се лутиш, се навредуваш итн, кому ќе му биде полошо? Воопшто не – ним, од твоите измислици и емоции ним не им е ниту топло ниту ладно. Секако им е непријатно, бидејќи роденото дете чувстувува кон нив такви непријатни чувства но, што тие можат да направат со тоа? Уште повеќе, многу родители кај себе воопшто не прифаќаат никаква вина, се сметаат себеси апсолутно исправни секогаш и во се’ и ги припишуват сите недостатоци на искварениот карактер на своето чедо. “Да, ти самиот си во се’ виновен, јaс тебе те родив, те хранев и поев, а ти си неблагодарно животно?!”
Научно е докажана заемната поврзаност помеѓу агресијата, злобата и омразата. Негативните чувства можат да “заседнат” внатре во нас, што ќе доведе до различни соматски проблеми: главоболка, желудочни и кардиоваскуларни заболувања (подробно за тоа може да се прочита во истражувањата на американските психолози К. Изард и Р. Холт, на пример). Во денешно време многу лекари пристапуваат кон лечењето на болеста, потпирајќи се на насоката на психосоматската медицина: концептуален пристап кон здравјето и болеста, кои ги посматра овие состојби како взаемодејствие на психолошки, социјални и биолошки фактори. Многу интересно за тоа пишува американскиот научник Франц Александар во својот труд “Психосоматска медицина” (без оглед на психоаналитичкиот приод). Природно, негативните чувства и емоции и болестите кои им следат не придонесуваат за продолжување на нашиот живот на земјата и породуваат уште редица други негативни пројави како: завист, различен вид и карактер на зависност, депресија, чувство на осаменост, страв итн.Следствено, доколку се погледне на чувствата, кои ние ги доживуваме во однос на родителите, од “меркантилна” и “практична” точка на гледање, нам апсолутно не ни е пригодно да ги мразиме и да им посакуваме зло на оние, благодарение на кои ние сме се појавиле на свет. Затоа најдобро е да се научиме да ги прифаќаме своите родители онакви, какви што се, бидејќи ние немаме сили да измениме нешто во нивното мислење и однесување. Затоа нам (и тоа само нам) ни е во власт менувањето на своето сопствено “Јас”, својата душа, својот карактер; ние можеме да ги контролираме своите постапки и дејства, стремејќи се да го искорениме во себе она што, силно ни пречи.
Имено тоа е клучот за внатрешното спокојство. Додека ние сами не го најдме својот клуч во привезокот со другите клучеви, не ќе може да ја отвориме вратичката, зад која се сокриваат душевната хармонија и равновесието.
Вториот клуч на патот кон душевното спокојство е смирението на нашата сопствена гордост, која е источник а многу наши проблеми. Додека гордоста не’ раководи, ние сме слични на онаа бајковита Алиса, која скитала во својата Земја на чудата и сретнувајќи се со малечката врата, не можела да влезе во неа, затоа што била многу голема и висока. Ете така и нашата гордост е толку голема и висока, така што не ни дозволува да го достигнеме комфорот и спокојството. Темата на гордоста залужува да се обсуди во одделен напис.
За да измениме својот однос кон родителите, неопходно е искрено и од сето срце да им простиме. Задолжително да се избавиме од оптертувачката навреда, од корен да ја извадиме од својата душа. А за тоа, како можеме да се научиме да простуваме, ќе проговориме во следниот напис.
Превод од руски: М.Б.