БОЖЈИОТ СТРАВ Е ГОЛЕМА ДОБРИНА
Ако стравот не претставува добрина, ни татковците нема да им ги наоѓаат на своите деца оние кои ќе ги надгледуваат, ниту законодавците во градот ќе поставуваат началници. Има ли нешто поужасно од адот? Но ништо не е пополезно од адскиот страв, бидејќи каде што го има него, таму е згаснат гревот, смирена е лошата страсна желба, искоренета е секоја безумна страст. И како што во домот на војникот, кој секогаш е под оружје, нема да се осуди да се појави ни разбој-ник, ни крадец, ниту било каков друг злосторник, исто така, кога стравот ќе ги опфати нашите души, ниедна од лошите страсти нема да може лесно да влезе во нас, туку ќе се оддалечува и ќе бега, отсекаде изгонета со силата на стравот Божји. И тоа не е единствена полза што ја добиваме. Каде што е стравот, таму е и стремежот за милостина и усрдноста за молитва, и топлите и непрестајни молитви, и молењата во знак на големо покајничко смирение. Ништо нема толку да го искоренува гревот и толку да и помага на добродетелта да расте и да цвета како непрестајниот страв. Оттука, оној кој не живее во страв, не може да биде исполнет со добродетел; бидејќи оној кој живее во страв не е можно да греши.
Да не претставува стравот добрина, Христос не би изрекол мноштво поуки, и тоа толку обемни за тамошната казна и за мачењето. Стравот не е ништо друго, освен бедем и ограда, тврда и неразрушлива; а нам ни е потребна едена голема ограда, бидејќи отсекаде не демнат мноштво заседи, како што вели Премудриот: „Знај дека среде стапици одиш, дека по врвовите на градските ѕидини чекориш" (Прем. Сирах. 9:18). Тој не рекол: „види", туку „знај/". А зошто рекол: „знај"! Затоа што, вели, стапицата е прикриена, тоа е таква примка кога смртта не се јавува отворено, кога погибелта не е очигледна туку е направена така за да биде скриена од сите страни; затоа тој вели: "знај/". Потребна ти е голема претпазливост и грижливо внимание, бидејќи како што децата ја покриваат стапицата со земја, така и ѓаволот го прикрива гревот со задоволствата на секојдневниот живот. Труди се да сфатиш грижливо испитувајќи се: и ако си во прилика да оствариш приход, не гледај единствено на тој приход, туку грижливо истражувај да познаеш да не се кријат можеби во тој приход гревот и смртта; ако го забележиш тоа, бегај оттаму. Кога те очекуваат насладување и задоволство, не гледај единствено на задоволството, туку грижливо разгледај во длабочината на тоа задоволство да не се крие некакво беззаконие; ако откриеш дека е така, оддалечи се. Ѓаволот е како ловец на птици: мораш да леташ вон досегот на неговата јамка. Оној што се искачил на височина, нема да се чуди на земното. Кога ќе се искачиш на врвот на планината, и градот, и неговите ѕидини ќе ти се присторат толку мали; а луѓето коишто одат по земјата ќе наликуваат на мравки. Така ќе биде и со тебе кога ќе ги достигнеш возвишените помисли на мирољубието; ништо на земјата не ќе мо-же да те зачуди туку, со самото тоа што ќе погледнеш на она што е небесно, се ќе ти се чини ништожно - и богатството, и славата, и моќта, и честа, и се што е слично на тоа. Така и на св. ап. Павле му се чинел ништожен сјајот на овој сегашен живот и го сметал за понеполезен од мршите. И затоа воскликнувал: „...за мене светот е распнат..." (Гал. 6:14), како што не поучува и нас: „Мислете на небесното, а не на земното" (Кол. 3:2).
(Продолжува)
Подготви: Стојанка Тежак
ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ
Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци
Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004
Друго:
ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА
ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА
СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ
ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ
Св. Теодор Бдески - ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ
ЉУБОВТА НЕ САМО ШТО НАС, СЛУГИТЕ, НЕ ПРАВИ СИНОВИ, ТУКУ ВО НАС ГО ОБНОВУВА ЛИКОТ И БОЖЈОТО ПОДОБИЕ
Св. Јован Златоуст - ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЛУЃЕТО ОТКОЛКУ ОД БОГА
Св. Јован Златоуст - ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ