За Светата Причест
Наместо прашање: Почесто ни пристигнуваат прашања во врска со причестувањето, дали, кога и како да се причетуваме, потоа, дали е дозволено во неделите, итн.
Наместо прашање: Почесто ни пристигнуваат прашања во врска со причестувањето, дали, кога и како да се причетуваме, потоа, дали е дозволено во неделите, итн.
Прашање од Анета Н.:
Дали после разводот може да се венчам пошто јас сам разведена. И дали тоа е грев?
Прашање од Бора:
Пред триипол месеци почина мајка ми. Не живеам во местото каде е погребана и неможам постојано да одам на нејзиниот гроб,и покрај тоа што кога би била во близина секој ден би одела барем до годината. Дали има некој начин да јас одовде нешто направам, исто како да сум таму , освен палење свеќа? Благодарам.
Прашање од Калекас:
Почитувани,
Би сакал да добијам појаснување околу судирот на традицијата и оригиналноста во Православието? Ве слушам често кога говорите за најразличните аспекти од православното живеење и колку традицијата е испреплетена во нашиот секојдневен живот. Во очи на големиот христијански празник Божиќ, нашиот народ (особено во северот на земјава)изведува низа традиции, обичаи или ако сакате ритуали, за кои Црквата се изјаснува дека се \"пагански\", и дека треба да ги отфрлиме (алудирам на Бадниковата вечер, огновите итн.), а на истите тие вечери видливо е присуството на локалните свештеници на кои очигледно не им пречи \"паганското\", и даваат благослов.
1. ДАЛИ СО САМОТО ПРИСУСТВО НА ЦРКОВНИТЕ ЛИЦА СЕ ДАВА ЛЕГИТИМИТЕТ НА ВАКВИТЕ НАСТАНИ?
2. ЗОШТО АКО Е ТАКА КАКО ШТО ВЕЛИТЕ, НЕ ГИ БОЈКОТИРАТЕ ВАКВИТЕ ПАГАНСКИ ОБИЧАИ И РЕАГИРАТЕ МАЛКУ ПО РАДИКАЛНО (со неприсуство и поголемо информирање на јавноста од ваша страна)?
3. ПА НЕЛИ И ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ХРИСТИЈАНСТВО ПОЧИВА ВРЗ ТЕМЕЛИТЕ НА ПАГАНСТВОТО, ПА НОРМАЛНО Е ДА АКУМУЛИРА И ГОЛЕМ ДЕЛ ОД НЕГОВИТЕ ОСНОВИ????
4. ДАЛИ ТРЕБА ОВОЈ БАДНИК ДА ГО ПОМИНАМ ВО МААЛО СО СВОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ И КОМШИИ (ако постам не треба да јадам риба, пијам ракија итн.),ИЛИ МОЖАМ ДА ПРИСУСТВУВАМ КАКО \"ГОСТИН\" (која би била мојата улога во тој случај?)?
Се повикувам на изјавите на Отец Игор Калпаковски и Отец Јован Таковски, неодамна дадени на Националната Телевизија (МТВ)како гости.
Се извинувам што бев толку експлицитен и подолг. Ќе ве замолам за еден коментар.
Прашање од Нена: Вас благослов отци,
Ве молам ако може да ми одговорите на следново прашање:Дали во православната практика постои термин духовна мајка? Имено дали можам да се исповедам на жена,монахинја, каков е ставот на Црквата за тоа? Почнав да постам од 2001 г.од Богородичниот пост, до сега само се имам исповедано групно(пред Причеста свештеникот ни каже да повтараме по него и ние сите заедно на глас повтараме молитва) и потоа ни даде Причест.Значи лично до сега немам пристапено на исповед а носам тежина како планина. Пред две год.моја комшивка се замонаши и со таа жена имам многу пријатни искуства , ми даваше книги од животите на некои светци, кога полагав испит една книга ја носев во црквата во која помагаше таа и после четири пати полагање , конечно положив и знам дека нејзините молитви помогнаа ...Сега е во еден манастир , има друго име, но усте поблиска ми е и знам дека нема да ме осуди за теските гревови кои ги стори мојата душа.Сега и покрај тоа што постам , чувствувам тежина околу срцето и нема да пристапам кон Светите леб и вино ,Телото и Крвта на насиот Господ ако не се исповедам некому.А мислам на длабока искрена исповед, лична и тајна, знана само на мене и духовникот.Може ли да добијам одговор до Нова година за да знам како да постапам.Многу сум ви благодарна на вашиот труд што ова го правите и фала на Бога што интернетот служи и за убави работи како оваа што е.
Нека ви помогне нашиот Господ Исус Христос во она што го работите за народот наш македонски
Нена
Прашање од Зоран Пандилоски од Тетово: Зашто на православните верници не им допуштате да симнат од вашиот веб сајт тоа шо го бараат и покрај сиромаштијата што го погодува обичниот човек неможе да дојде и до она што го бара, на пример како мене со плата од 100 еу и жена која работи на црно со две деца, родени на најубави православни празници машкото на Божик а малецката на Мала Богородица, зарем и црквата гледа сеир спрема сиромавиот од православно македонско семејство?
Прашање од „ Н“:
Сакам да ве прашам дали се верува во сонови, јас не верувам ама многу често сонувам. Пред една година мојот дечко погина во сообрќајка а сега три пати по ред го сонував кај што ме бара и ми кажува дека сака да ме земе. Дали можам да вервам во сонови? Фала однапред.
Прашање од Ана:
Пред да го поставам моето прашање, да ви кажам дека оваа страница на интернет е една од најдобро дизајнираните со духовна содржина, сеопфатна е и навистина човек може добро да се информира а и многу да научи. Многу, многу е добра.
Она што ме интересира е следно: Каде може да дадам облека, обувки, тетратки, дури и на пример дигитрон (имам два:), кои не ги користам повеќе?
Само чувам, собирам, сакам а незнам каде можам да ги дадам. Однапред благодарам на одговорот!
Одговор: Редакија на Преминпортал
Драга Ана, Ви благодариме што не следите, и се надеваме дека и во иднина ќе го имаме Вашето внимание.
Го објавуваме Вашето прашање, се со цел заеднички да ги продискутираме опциите за донирање на облека, школски прибор, технички помагала и др. . Во нашата Влада- постои ресорно министерство, во државата- постојат и хуманитарни здруженија, а и во рамките на црквата функционираат хуманитарни огранизации. Ветеран на тоа поле е Ѓаконија, под долгогодишно раководство на Владиката Повардарски г. Агатангел, во Скопје (Св. Петка, Св. Петар и Павле), во Велес, потоа хуманитарна организација во Преспанско- пелагониската епархија, а во рамките на МПЦ-МИЛОСРДИЕ , одберете некоја од посочените, а има и доста други зруженија.
Можеби има заинтересирани, да ја организираат и искординираат акцијата да собирање на облека и други помагала?
Го поставуваме предлогот на дискусија!
Одговара: П.П:
Прашање од В...
Гледајќи како се живее денес, доагам до заклучок дека лугето повеке се тргнати кон исцелители , бајачи , гледачи и се што е надвор од христијанството , а сепак сите се нарекуваат христијани, не е мое да судам него прашањето ми е како човек да се заштити од оние магиски влијанија кои ги им , кои лугето ги прават да наштетат еден на друг одејќи по овие гледачи , магоничари оџи и кој знае уште по што само да му наштетат на некој, тоа ми е познато слушајчи од пријатели , дали има во христијанството некаков лек против тоа , како што читав за старец Јосиф Ватопедски во вашето списание, поздрав
Одговара: П.П.
Прашање од Весна
Одговара: П.П.
Прашање од : Т.
Ме интерсира дали парастос(3години од починувањето)може да се прави во Недела. Знам дека најсоодветен ден за помени на починати како и
посета на гробишта е Сабота но ние неможеме во Сабота.Колку време порано може да се направи парастосот?
Одговор:
Парастос не би требало да се прави во недела. Ако не можете во сабота, нека биде некој друг ден, неколку дена порано или покасно, не е важно.
Прашање од Е..
Поздрав до сите, имам едно прашање.
Ми се најавија гости од Република Хрватска кои сакаат да го посетат манастирот Св.Преобразение во Крушево...е сега тоа што ме интересира мене а воедно нив е дали треба некако претходно да се припремат за Литургијата,која ќе се одрзи таму....дали треба да научат некоја молитва која ќе се изговара или нешто слично.....ве молам да ми пишете за се што мислите дека ќе биде потребно.
Одговор:
Почитувана Ели,
Ако гостите од Хрватска се католици по вероисповед, тогаш најмногу што е дозволено е да присуствуваат на Литургијата без да земаат активно учество во неа,што знаци дека не можат да се причестат со Светите Тајни, ниту пак треба да читаат молитви со останатите.
Одговара: П.П.
Прашање од Весна:
Сум слуснала дека кога оди во црква жена треба да носи шамија, но дали тоа важи и за девојка немажена и дали важи и за мало девојче ?
Однапред Ви благодарам.
Одговор:
Почитувана Весна,
Добро е жени и девојки да носат шамии во црква, особено кога се причестуваат. За мали девојчиња не е потребно.