логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TviTER773

ДА ГО ОТФРЛИМЕ ТОВАРОТ НА СЛОЖЕНОСТА

Игумен Нектариј Морозов


Умеењето да се радуваме е една со највоодушевувачките и без преувеличување, спасителни способности на човекот. Може ли човекот да ја воспита во себеси, можели да се научи на неа? Каква е поврзаноста помеѓу радоста и другите способности и чувства на човекот?


За уништувачката тага


Читајќи го Светото Писмо, всушност, Евангелието и Апостолските посланија, - гледаме дека таму има многу различни поуки. Тоа не се баш заповеди, тоа се зборови на Христос, упатени во различни случаи кон Неговите ученици и преку нив - кон секој еден од нас. Тоа се и поуки на апостолите, кои тие ги предале на својата паства. Меѓу нив е и повикот да се радуваме ( види 1 Сол. 5: 16). Како што покажува искуството, тоа е една од поуките, кои најчесто се забораваат или се разбираат неправилно. Нема да зборувам подробно за стереотипното мислење, кое што може да се чуе од нецрковните луѓе, кои ретко наминуваат во храмот поради некаква неопходност: стојат, и велат, дека православните на служба се со темни и тажни лица, лишени не само од радост, туку и од каков било емоционален интерес за онашто се случува. Нема да зборувам за тоа, зашто ова мислење во голема мера е неточно: човекот кој навратил на службата за 15-20 минути, гледа луѓе што се молат, восредоточени, што напрегнато се борат со помислитекои ги расејуваат. И, се разбира нивните лица се сериозни. Истите тие луѓе по литургијата ќе се смеат, ќе се насмевнуваат, ќе се шегуват, ќе покажат топлина и интерес еден кон друг. Така што во целина, ова тврдење е погрешно, но сепак има извесни причини, за неговото опстојување.
Христијанската вера, живеењето со Христа, претпоставуват не само лик на некаква радост во храмот, туку и умешност вистински да се радуваш на животот. Не можеме а да не признаеме, дека таква внатрешна, длабока, радост која не ја помрачуваат животнитеоколности, недостасува или вопшто ја нема кај повеќето од нас. А да се радува низ сиот свој живот – за христијанинот не е само заповед, туку и негов долг, израз на неговата возвратна љубов кон Бог.


Многу често слушаме, дека оној човек, кој сака да си го посвети животот на исполнувањето на Божјите заповеди, ќе има многу таги, оти не е возможно, како што кажува свети Исак Сирин, да Му се приближиш на Бог, на друг начин, освен преку маки. Поради тоа, многумина доаѓаат до заклучокот, дека штом во светот ќе имате маки ( Јован 16:33), тогаш и за нас самите внатрешната состојба на тага треба да ни биде постојана и нормална основа. Но, впрочем тоа е ненормално – пред се’ затоа што човекот, кој постојано се наоѓа во таква внатрешна потиснатост и чувство на безрадостност во животот, почнува да се руши одвнате, - психички, а често и физички. Тоа пак значи, дека тој почнува да губи сила, да ја губи способноста за дејстувување и наместо да им служи на своите ближни, станува бреме за нив, кое е претешко. Воопшто да не го спомнуваме тоа, што кога луѓе, кои што се далеку од црквата, ќе видат такво уништување на верник, желбата да тргнат по патот на верата очигледно не им се подига.


Во овој свет вистинската радост е толку голема реткост, исто онака како што се вистинското смирение и вистинската љубов. Сепак, во неа, како во секоја доблест, можеме да се вежбаме, да навлегуваме во нејзината суштина, да се учиме на неа. Пред се’ треба да разбереме, дека не станува збор за онаа радост, за онаа емоционална возбуда, која кај нас ја предизвикуваат минливите, суетни нешта – туку станува збор за сосема поинаква радост. Таа произлегува од сознанието дека Господ ни го дал овој живот, дека сме биле воведени од Него во битието преку некакво чудо. Се сеќавам како уште од моето детство, дури од четиригодишна возраст, ме поразуваше следната мисла: Ете, јас постојам, јас сум. А како се случило така да постојам токму јас, а не некој друг? Тогаш уште не ја познавав верата, но си го најдов следниот одговор: “Некој требало да сознае, дека јас – тоа сум токму јас, и затоа сум се појавил.” Јас го доживував тоа како нешто восхитувачко и чудесно. Со возраснувањето таквите мисили исчезнуваат некаде, се забораваат, но и покрај тоа, чувството дека личното битие на секој човек е чудо, не треба да не’ напушта. Без него, радоста во Бога, на која сме повикани, не може да суштестува.
Треба да се каже дека не секоја радост која што човекот ја чувствува во однос на своите размислувања за Бог е радоста за која сега говориме. Ни се случува да не посети радосно чувство, едноставо затоа што срцето ни се разгорело за време на молитва и душевните впечатоци ни оживеале. Тоа чувство може да се задржи долго време и тоа несомнено е добро. Но тоа не е онаа радост која ќе остане со човекот наспроти се’, па дури и во периодите на најтешките искушенија. Духовната радост не исчезнува во тешки надворешни околности – токму така таа се проверува.


Има и состојба на еуфорија, која исто така се случува да ја сметаат за радост во Бог. Понекогаш тоа е резултат на потполно неправилен духовен живот, а понекогаш само последица од слаб нервен систем. Еуфоријата може и треба да се разликува од радоста, која е плод на продлабочен христијански живот, по еден суштински знак – заморот. Од еуфоријата човекот порано или подоцна се уморува, а да се радува во Бог не се изморува никогаш.

3.angeli.so.truba


Да заспиеш и да се разбудиш во рајот
Што и′ пречи на духовната радост да расте во нас? Многу нешта, но еден од нив сакам особено да истакнам: често пати луѓето, одејќи во храмот и почнувајќи да живеат христијански живот, со себе ја носат и навиката да се вознемируваат и да паничат.
Ако прашаш некој, зошто се измачува така со таа растревоженост, со паниката – која понекогаш оди до таму, така што тој не е во состојба да се израдува на ништо – одговорот е вообичаено еден: такви се околностите. Но, истовремено ние во Црквата гледаме луѓе, кои наоѓаат начин да го сочуваат својот мир и светлата радост дури и на смртната постела; гледаме луѓе кај кои се′ во животот им се руши, а тие не ја губат душевната рамнотежа – и искрено се насмевнуваат и Му благодарат на Бог буквално за секое парче леб. Значи сепак, причината не е во околностите. Има луѓе кои живеет во потполна благосостојба, но стигнуваат до помраченост на умот, затоа што се плашат од две заемно исклучиви нешта: од староста и од предвремената смрт. Но, што сакате тогаш? Како што забележа една жена од нашата парохија: ″сакаме да заспиеме и да се разбудиме во рајот″. Тоа пак значи дека човек има некакво неосновано барање: Јас сакам да биде така – а тогаш се појавува мислата, дека нема да стане така како што сака, така што таа мисла исполнува се′ и човекот паѓа во хистерија.
Излезот е еден: да сфатиме дека животот е таков како  што е, а не онаков каков што сме си го замислиле и да почнме да благодариме за него наместо да бараме нешто од него. Да не си поставувме мачни и сосема залудни прашања: зошто да живеам повеќе, ако биде вака или онака – и во двата случи еднакво лошо, каква смисла има во тоа? Смисла, несомнено има во секој животен час. А таа смсила ни ја откриваат верата и сфаќањето на животот не како сплет на околности, туку како Божји дар, кој пак, покрај тоа не ние даден одеднаш, туку ни се дава секој ден и секој миг.
Речиси секогаш зад неспособноста на човекот да се радува се крие некоја внатрешна сложеност која со ништо не е оправдана. Кога човекот носи во својата душа нешто неспоиво, кога во неа има наталожени митски конструкции, кога тој непотребно го драматизира она што му се случува, тој не само што не може да стигне до духовна радост – туку тој веќе не ја слуша и песната на птиците, не го гледа залезот, не го осеќа топлиот ветер. Се разбира, може да се каже дека има луѓе кои по природа се поцеловитити и поедноставни, а други пак, по противречни и посложени, но овде може да се направи следната аналогија. Ако на човекот нему дадат да спие неколку деноноќија во продолжение, тој неизбежно ќе стекне поголема едноставност.
Неговиот животен багаж и душевни склоности ќе си останат, но сите вештачки внатрешни сложености некако многу бргу ќе ја изгубат својата важност. На сличен начин дејствува и стремежот кон Бог кога тој ќе стане потполн, јак и вистински: тој му дава на човекот разбирање, дека нешто е важно, нешто не премногу, а нешто може да се остави. Животот насочен кон Бог, може да се спореди со летот на воздушниот балон: јасно чувствуваш кога тој почнува да губи височина и да го исфрлаш баластот. И штом ќе го отфрлиш, веднаш се ослободуваш од непотребните умствени конструкции, сомнежи, од обидите да го изразиш со многу зборови, она што можеби воопшто не треба да го искажеш со зборови, од самооправдувањето, кое не те оправдува - и животот станува многу полесен. И порадосен.
“Јас ја сакам својата тага “


Внимателниот човек, кој се труди во различните животни ситуации да го препознава дејството на Божјата промисла, обично во својот живот гледа повеќе повод за радост, отколку што тоа тоа можат да го забележат луѓето околу него. Во други случи е токму обратното. Се случува некогаш да разговараш со човек и да му ги набројуваш на прсти нештата на кои може да се радува во животот, да му бидат утеха - и се соочуваш со фактот, дека тој едноставно не сака да се радува. Поблиско му е и поприродно да остане во таа тажна состојба на самосожалување, во која дошол кај свештеникот. Во неа тој наоѓа некаква болна утеха и не сака да се откаже од неа. Како воопшто е можно тоа?
Не само што е возможно, туку не е ни чудно, затоа што радоста според христијанското сфакање не само полнота на животот, туку секогаш и душевен труд. Тоа секогаш е некаква на отвореност кон луѓето: оти не е можно да се радуваш на христијански начин, ако си се затворил некаде во својот агол. А понекогаш е полесно да не преземаш ништо во врска со тоа, туку да го правиш токму спротивното и во тоа да наоѓаш некакво мрачно и изопачено задоволство.
Затоа ми се чини, дека секој од нас, сакајќи да научи да се радува, најпрво треба да се загледа во себеси и да се запраша: дали навистина сакам да се променам или подобро мие со мојата тага? И ако се покаже дека е ова второто, тогаш против тоа неодложно треба да се бориме со сите сили. Зашто ако човек не се радува, тој не може ни да благодари, а со тоа самиот се лишува од Божјата благодат и помош.
Преподобниот Исак Сирин вели дека нема Божјо доброчинство кое ќе остане неумножено, освен она за кое човекот е неблагодарен. Така што може да се каже: колку подолго човекот препочита да гледа се′ низ темни бои, толку полоша станува неговата состојба.


Да го смениме акцентот
Несомнено, способноста на човекот да чувствува радост и неговата приемливост на неа, зависат од неговиот нагласок. Но ние сме навикнале да зборувааме за “нагласокот”, како за нешто однапред дадено, додека во пракса тој повеќе наликува на поставките на паметниот телефон: се навикнуваме на одредени параметри, но ако ги разгледаме и се снајдеме во нив, можеме да ги промениме. Човекот зависи од многу нешта: од своите навики, стравови, интереси и емоции. Преуредувајќи ги на еден или на друг начин сите тие нешта, можеме значително да ја промениме вкупната” конфигурација”. И ако човекот сака да живее радосен живот, треба да се однесува кон тоа како многу сериозна задача, која неизбежно бара работа врз себеси.
При учењето на што и да е, секогаш постојат многу едноставни постапки, со чие извршување човекот постепено стекнува навика. Исто така, во учењето како да се восприма животот едноставно и непосредно, како и тоа како непосредно да му се радуваме, можат да се најдат вакви едноставни вежби. На пример, некој ни кажал нешто и во нашата свест се прикрадува помислата: а што тој сакаше да каже? Дали го кажа само така или имаше поттекст? Тука треба да застанеме и да си кажеме: “Тоа не е важно, тој го кажа она што го кажа и повеќе нема да размислувам за тоа.” Или пак, во нашето срце се вовлекува страв од нешто. Веднаш треба да процениме: дали тој страв е реален или е измислен? И ако е измислен, без двоумење треба да го отфрлиме, затоашто во спротивно, никогаш нема да се научиме да се радуваме на животот. Нужно е што по-често да напомнеме сами на себе си, да Бог го создал човека за блаженство и макар да ние сме се лишили од него, правейки грешка во лицето на нашите праотци, за човека е суштествено да се стреми кон тој блажен живот. Затоа секое добро, кое што можем да соберам во фокусот на нашето Како со лупа – од огромното сонце до малечкото бубаче, од нечија насмевка до прекрасното тивко утро – треба постојано да собираме и да го насочуваме тој фокус во нашето срце.И тогаш, можеби, нашето сведоштво за Христа навистина ќе стане живо за оние што ја изгубиле радоста на животот. Гледајќи во нас, тие повторно ќе посакаат да ја пронајдат.
Потребно е исто така, почесто да си споменуваме, дека Бог го создал човекот за блаженство и иако ние сме го изгубиле, правејќи грев во лицето на нашите прародители, природно е за човекот да се стреми кон тој блажен живот. Затоа сето добро, што можеме да го собереме во фокусот на нашта лупа, од огромното сонце до малечката бубачка, од нечија насмевка до прекрасно тивко утро, треба неизоставно до го собираме и да го насочиме тој фокус кон своето срце.
И тогаш, можеби, нашето сведоштво за Христос ќе стане навистина живот за оние што ја изгубиле радоста на животот, и гледајќи нè нас, тие повторно ќе посакаатда ја најдат.

Превoд Маја Белева

 

 Линк до изворот: ДА ОТХВЪРЛИМ БАЛАСТА НА СЛОЖНОСТТА | Православен свят

 18.09.2026

 

Друго:

 

„Секако. Би ја засилил мислата така што „фокусот“ од лупата ќе стане внатрешно духовно внимание – способност да го препознаваме Божјиот дар и во големото и во најмалото.

Духовно-поетска верзија


Како со лупа – од бескрајното сонце до едно малечко бубаче, од нечија тивка насмевка до прекрасното, молчаливо утро – да собираме сè што е убаво, светло и благодатно, и тој светол фокус да го насочуваме кон своето срце.Зашто срцето што научило да ја забележува убавината, постепено учи да го препознава и Оној Кој стои зад неа.И тогаш, можеби, нашето сведоштво за Христа нема да биде само збор, туку живо сведоштво – светлина што се гледа, радост што се чувствува и љубов што не бара објаснување.

А за оние што ја изгубиле радоста на животот, можеби токму нашиот живот ќе стане тивок повик:
„Погледни... радоста сè уште постои. Христос сè уште е тука.“И гледајќи нè, повторно ќе посакаат да ја побараат, да ја допрат и, по Божја милост, повторно да ја пронајдат – некаде длабоко во своето срце, таму каде што Христос никогаш не престанува да чука.“

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 3038
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 3008
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Најново од духовност

Православен календар

18/09/2026 - петок


Св. пророк Захарија и праведна Елисавета; Св. маченици Јувентин и Максимин; Св. Седумдесетмина маченици; Преп. Атанасиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 13 септември/31 август 2026

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 13 септември/31 август 2026

После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград 

Тропар на отсекувањето на главата на Св.Јован Крстител 11 септември/29 август 2026

Тропар на отсекувањето на главата на Св.Јован Крстител 11 септември/29 август 2026

Споменот на праведникот е со пофалба,а тебе ти е доволно и ведоштвото на Господа, Претечо,

Тропар на светиот Јоаким Осоговски  29 август/16 август  2026

Тропар на светиот Јоаким Осоговски 29 август/16 август 2026

Богоносен оче наш Јоакиме, си се јавил како жител на пустината, ангел во тело и чудотворец. Откако преку 

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная