логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ГЛАВА I

Mojsej.vopustina.jpg

Стариот завет

ДЕСЕТТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ (ДЕКАЛОГОТ)

Бог се интересира за човекот што го создал по Свој образ и подобие, и покрај гревот и падот на човекот. Затоа Он склучува сојуз (завет) со човекот уште од најдалечни времиња. Библијата зборува за тоа во првите глави од Битието, кои се однесуваат на почетоците на човекот, позајмувајќи како знак на заветот една космичка слика: „Виножитото во облакот". Се работи за заветот што Бог го склучи со Ное на крајот од Потопот (Битие 9, 12 — 15). Овој завет бил заснован на верата Ноева: „Преку верата Ное, откако доби откровение за она што уште не се гледаше, обземен од набожен страв, направи ковчег за да госпаси својот дом" (Евреите 11,7).
Ное и неговите потомци го претставуваат човештвото кое било поштедено и спасено од водите на потопот. Да потсетиме дека првиот гест на Ное по излегувањето од ковчегот беше да направи олтар и да принесе жртва на Бога (Битие 8,20 — 22). Пред овој акт на благодарност и љубов Бог го благослови Ноја. Он му ја обновува заповедта дадена на човекот при неговото создавање: плодете се, множете се, бидете господари на рибите, птиците и на сите животни (според и Битие 9,1 — 3 и Битие 1,28 — 29). Но со Ное, новината е во тоа што човекот е овластен да убива животни за да се храни: „Се што се движи и имаживот ќе ви служи за храна" (Битие9, 3).
Потоа Авраам беше посетен и прими од Бога ветување за многубројно потомство, ветување кое им беше обновено на Исак и Јаков. Сепак требаше да се чека уште повеќе векови за да може Стариот завет (сојуз) да биде склучен во вид на вистински договор меѓу Бога и народот Израилски преку посредништвото на еден човек со исклучителен раст, кого ние веќе го знаеме: Мојсеј. Овој договор, како и секој д оговор, сод ржи обврска и од д вете страни: Бог се обврзува да го штити Израил и да го води кон една земја каде тече млеко и мед — тоа е Ветената земја, земјата Хананска, Јудеја. Народот се обврзува, за возврат, да го почитува законот на Бога, Закон што Мојсеј го прима на Синај.
Еве како Бог го даде Законот на Мојсеја и со народот Израилски го запечати Стариот завет. Кога, по многу страдања, Мојсеј успеа да ги изведе Евреите од Египет, тој ги одведе во пустињата. Три месеци подоцна, тие пристигнаа до гората Синај, истата онаа планина каде Мојсеј беше ја видел несогорливата Капина. Тие се улогорија во подножјето на планината. Бог го опомена Мојсеја дека сака, со негово посредништво, да направи завет со целиот народ. Заради овој завет Бог му заповеда на Мојсеја и на народот: речи му „нека ја опере својата облека и да биде готов за задутре... Постави меѓа наоколу планината. Секој што ќе ја допре планината ќе биде убиен" (Излез 19,10—13).
„Уште рано, ќе се искачиш до врвот. Јас ќе ти пријдам во облакот и народот ќе биде сведок за она што ти го кажав и така вотебе ќе има постојана верба." (Излез 19,9).
Мојсеј направи како што Бог му заповеди. Евреите ја опраа својата облека и се држеа чисти. Меѓата околу планината ја означија со прегради, и планината стана света. Кога дојде моментот, односнотретиотден, в зори, почна да грми, се јавија молњи и густ облак, и се чу силен звук на труба. Народот, кој трепереше, Мојсеј го изведе надвор од логорот, крај оградата, и му рече да остане таму. Додека тој, ја мина оградата, влезе во светото место и се искачи на планината.
Таква е величествената слика што Библијата ни ја дава за начинот со кој Бог благоизволи да го склучи Својот завет со Израил. Во овој опис ние гледаме праслика на Храмот кој станал образец. Всушност, во распоредот даден од Бога, може да се најде сличност со трите делови од Храмот:
— Логорот одговара на Уламот од Храмот, претсобјето или надворешниот двор на нашите цркви; тоа е местото за собирање на народот.
— Делот сместен крај гората Синај, од оваа страна на преградата и кад е што народ от требаше да го чуе громот, тоа е Хекал или Светињата на Храмот. Тоа е местото каде што е чуена речта Божја, бродот на нашите цркви.
— Најпосле, планината, свето место каде што Мојсеј може сам да влезе за да Го сретне Бога, тоа е Дебиртн Свјатаја свјатих (Светињата над светињите); во тоа ние го препознаваме светилиштето (олтарот) на нашите цркви, местото за причестување.

Кога Мојсеј се искачи на врвот од Синај, целата планина беше задимена и небото затемнето. Бог слезе во облакот. Мојсеј не можеше да Го види, само го слушна Неговиот глас, оној глас што ги изговори Десетте зборови. Ние имаме обичај да велиме десетте Заповеди. Библијата го претпочита зборот „зборови" кој е помалку заповеднички, а е потрадиционален. Овие Десет зборови обично се викаат Декалог (дека-десет и логос-збор). Еве едно резиме од овој текст за кој Библијата ни дава две верзии (Излез 20, 1-17, — Повторени закони 5, 6-21):

1.  Јас сум Господ Бог твој, кој те изведе од Египет, немој да имаш други богови освен Мене.
2.  Не прави идоли или слики; не им се поклонувај и не им служи.
3.  Не го изговарај напразно името на Бога.
4.  Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш; шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа твојот Бог.
5.  Почитувај ги твојот татко и твојата мајка за да ти биде добро и долго да поживееш на земјата.
6. Неубивај.
7.  Не прави прељуба.
8.  Не кради.
9.  Не сведочи лажно против својот ближен (не лажи).
10.  Не пожелувај ништо што е туѓо.

По ова Мојсеј го напушти врвот и пак слезе кај народот кој трепереше од гласот на Бога и смртно се плашеше. Тој му ги пренесе сите зборови што ги кажа Господ и додаде: „Пазете и правете како што ви заповеда Господ, вашиот Бог. Не застранувајте ни лево ни десно". „Чуј Израиле, Господ нашиот Бог е единствениот Господ. Сакај Го Господа твојот Бог со сето срце свое, со сета душа своја и со сета сила своја. Овие зборови што денес ти ги кажувам нека останат врежани во твоето срце" (Повторени закони 5,32; 6,4-6).
Тогаш народот едногласно одговори: „Сите закони што ги даде Господ, ќе ги исполнуваме" (Излез 24, 1-11). Така народот свечено се обврза да го почитува Заветот.
Мојсеј направи олтар под гората и дванаесет столба за дванаесетте племиња Израилеви. Тој нареди да заколат млади јунци и ги принесе на жртва. Кога заврши тоа, ја собра половината крв и ја стави во садови, а другата половина ја излеа на олтарот. Потоа ги прочита зборовите на Заветот што беше ги напишал. Народот повторно рече: „Се што рекол Господ ќе правиме и ќе слушаме." Тогаш Мојсеј го зеде остатокот од крвта и со неа го попрска народот и рече: „Ова е крвта на Заветот што Господ го направи со вас со сите овие одредби."
Така Заветот меѓу Бога и Израил беше потврден со жртвената крв со која бил попрскан и олтарот и народот, откако (народот) го кажал своето — Амин.

Детето: Ти ми зборуваше за еден договор во кој имаше обврска од двете страни. Гледам дека народот се обврзува да го следи Законот, но, напротив, помалку го гледам она на што Бог се обврзува.
Родителот: На Синај Бог го обновил Своето ветување да го одведе Израил во Ветената Земја. Он рекол: „Отсега, ако ме слушате и го пазите заветот мој, ќе бидете мое богатство меѓу сите народи, зашто целата земја е моја. Ќе ми бидете царство свештеничко и народ свет" (Излез 19,5-8).Тоа значи дека,примајќи го Законот, народот израилски станал избран народ, ставен под заштита на Господа.
Ако го проучиш Декалогот ќе видиш дека тој не е само еден морален закон, туку и религиозен закон и закон на љубов. Тоа е она што сакал да го каже Исус кога, во одговор на садукеите кои го прашаа која е најголемата заповед, ги повтори зборовите на Мојсеја: „Сакај Го Бога со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој ум (...) и ближниот како себеси" (Матеј 22,36-39, цитирајќи ги Второзаконие б, 5 и Левитска 19,18). Декалогот (Десетте Божји заповеди) е основата на монотеизмот, односно на верата во едниот вистински Бог. Првата заповед тврди, всушност, дека има само еден Бог.
Втората заповед се однесува на идолопоклонството. Таа е мошне важна и секогаш актуелна. И навистина, ние премногу се стремиме да си правиме идоли, без да сме понекогаш свесни за тоа. Се може да стане идол, страст, опсесија, дури и некоја работа која нема ништо лошо во себе, ако таа во нашето срце или во нашиот ум го заземе местото кое Му припаѓа на Бога и според тоа не одвраќа од Него. Во времето на Мојсеја идолопоклонството беше дел од религиозната практика. Затоа Дзкалогот зборува за идоли, за слики обликувани од дрво, кои претставуваат „сили кои се на небото, на земјата, во водата или под земјата". Забрането е човек да се покло¬нува пред такви слики. Општо земено, денес идолите не се предмети.туку фикс-идеи, „идеологии" или опсесии кои на човека му стануваат животна цел и кои имаат апсолутна моќ врз него: идоли можат да станат и еротизмот, политиката, парите, самата наука и др.
Третата заповед ни забранува да го изговараме светото име Божјо без потреба. Само со страв, со вера и љубов можеме да го призиваме славното и прекрасно име на Семоќниот. Кога ова име е споменато со иронија или со гнев, или пак со рамнодушност, тоа е богохулство, а хулата е злосторство против Божјото величие.
Четвртата заповед пропишува држење на саботата во спомен на седмиот ден кога Бог се одмори по создавањето на светот. Од Воскресението на Спасителот, наместо саботата се празнува неделата (осмиот ден) како ден посветен на Бога. За жал, христијаните многу често го забораваат тој ден и дозволуваат неделата да им биде презафатена со „грижи од свој свет", резервирајќи во неа се помалку и помалку место за Бога.
Следните заповеди — почитувај ги твојот татко и твојата мајка, не убиј, не прави прељуба, не кради — остануваат траен темел за поведението на оние што сакаат да останат во мир со Бога и со луѓето: почитување на семејството, на животот, на љубовта, почитување на човековата личност — се исто толку израз на почитта на сликата Божја во човекот, слика што ја прави неговата големина.
Деветтата заповед се однесува на лажното сведочење, односно на лагата во нејзината најсериозна форма. Во традицијата на Израил беше речено дека крвта на невино осудениот поради лажно сведочење паѓа врз лажниот сведок и врз неговите деца. Во оваа перспектива подобро го разбираме извикувањето на народот кога Исус беше осуден на смрт: „Неговата крв да биде на нас и на нашите деца!" (Матеј 27,25).
Последната заповед ги осудува зависта и љубомората и наредува почитување на туѓиот имот.
Таков е овој Закон што секој човек, кој се бои од Бога, треба грижливо да го пази, бидејќи тој е знакот на неговата верност и приврзаност кон Бога.
Законот на Мојсеја ни е даден како педагог (според зборовите на апостол Павле, Галатјаните 3,24-25). Без темелот на Законот, ние би биле слични на човекот за кој зборува Исус, т.е. оној што својата куќа ја изградил на песок, и при првото невреме зградата се урнала. Додека оној што својата куќа ја гради на камен, не се плаши од ништо, бидејќи ништо не може да ги помрдне нејзините темели (Матеј 7,24-27). Вака да го изградуваме нашиот христи јански живот како што не учи Црквата со векови на каменот на заповедите:
„Христе, Ти си гиутврдил небесата со Твојата премудрост и си ја основал земјата на водите: утврди го и моето срце на каменот на Твоите заповеди..."
(Глас 8, песна 3, воскресна утрена.)

 

 

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: прф. Јован Таковски 

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

 

 

 Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3131
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7605
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная