логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Vecerna.Ksenija.jpg

17. МАКАРИЈ, КОЈ НЕ САКАЈЌИ ИЗВРШИЛ УБИСТВО

Едно момче, по име Макариј, кога имал околу осумнае-сет години, го пасел добитокот крај езерото, наречено Марија, и играјќи си со своите врсници не сакајќи убил еден од нив. Не прозборувајќи со никого ниту збор, тој заминал во пустината, и талкал таму во страв од Бога и од луѓето, така што не сетил дека поминал три години во пустината, без покрив над глава-та. А таа земја, пак, е сува, како што им е познато на сите оние кои за неа слушале, или во неа живееле. Потоа Макариј си изградил ќелија и откако проживеал во неа уште дваесет и пет години, се удостоил со благодат, имено да ги победува демоните и да наоѓа сладост во осаменоста. Живеејќи долго со него, јас го запрашав, што мисли за својот грев, за убиството. Тој ми изјави дека тоа убиство е предмет на неговата голема тага и благодарност. "Бидејќи - ми рече - ненамерното убиство стана повод за спасение". И наведувајќи сведоштво од Светото писмо, тој говореше дека Мојсеј не би бил удостоен на Госпо-довото боговидение, и на таквиот голем дар, и пишувањето на светите зборови на Духот, ако не побегнал во гората поради страв од фараонот, заради убиството кое го извршил во Египет. Ова, пак, го кажувам, не за да наведам некого да стори убиство, туку да покажам дека има добродетели кои зависат од околностите, кога човекот пристапува на доброто не според слободното расположение. Бидејќи некои добродетели зависат од слободниот избор, а некои од околностите.

18. АВА НАТАНАИЛ

Меѓу старите и свети монаси имаше еден извонреден Христов подвижник, по име Натанаил. Јас не го најдов жив, бидејќи беше починат петнаесет години пред моето доаѓање на Гората. Но, среќавајќи се со соподвижниците и современи-ците на овој светител, јас често пати се распрашував за добро-детелниот живвт на овој човек. Тие ми ја покажаа и неговата ќелија, во која веќе никој не живее, бидејќи е близу до населе-ното место. Блажениот Натанаил на ова место ја беше изѕи-дал кога монасите беа ретки на ова место. Тие за неговото подвижништво ми ја раскажаа оваа особеност: тој со извон-редна истрајност престојувал во својата ќелија, за да не отста-пи никогаш од својата цел. Ѓаволот, кој сите ги измамува и соблазнува, во почетокот го соблазнил и него опседнувајќи го со духовна досада, натерувајќи го да ја промени ќелијата. Би-дејќи на светителот првата ќелија му изгледала досадна, тој ја напуштил и си изградил друга, поблиска до селото. Откако ја довршил ќелијата и се вселил во неа, по три-четири месеци ноќта му се појавил ѓаволот, како џелат држејќи воловски камшик, имајќи изглед на парталав војник, кој започнал да замавнува со камшикот. Блажениот Натанаил налутувајќи се му рекол: "Кој си ти, што вака правиш во мојот дом?" А ѓаво-лот му одговорил: "Јас сум оној што те извлече од првата ќе-лија, и сега дојдов за да те избркам и од оваа". Кога блаже-ниот Натанаил разбрал дека бил прелажан, веднаш се вратил под поранешниот покрив, и во текот на триесет и седум години, ниту еднаш не го пречекорил прагот, противејќи му се на ѓаволот, кој му прикажувал необични нешта, кои е невоз-можно да се раскажат, само за да го натера да излезе од ќели-јата. Помеѓу другото добромрзителот го употребил и ова лукавство, за да го одврати подвижникот од неговото правило.
Еднаш седуммина свети епископи го посетиле светиот Натанаил, дали по Божја промисла или од дејство на искушите-лот, светителот за малку не го нарушил своето ветување. Кога епископите на крајот од посетата се помолиле, и по молитвата излегле, подвижникот не ги испратил ниту еден чекор, за да не отстапи на добромрзителот. Тогаш ѓаконите на овие епископи му рекле на светителот: "Ти, ава, гордо правиш што не ги испраќаш епископите". А тој им рекол: "Јас ги уважувам моите господа епископи, и целиот клер го ценам, и јас грешниот меѓу сите луѓе сум ништо. Но, според моето ветување, јас сум мртов за сето тоа и за целиот живот. Бидејќи јас имам прикриена цел која Господ ја знае, Господ Кој ги знае тајните на моето срце, поради која јас не ги испратив епископите".
Откако претрпел неуспех во овој обид, ѓаволот зе друг облик на себе. Девет месеци пред Натанаиловото претставу-вање пред Господа, тој се појавил во облик на десетгодишно момче, кое божем водело магаре, натоварено со кошница со леб. И бидејќи доцна во ноќта дошол близу до ќелијата на подвижникот, тој направил како божем да паднало магарето, и детето повикало: "Ава Натанаиле, смилувај ми се и пружи ми ја раката!", А тој, пак, како го слушнал гласот на божем-ното дете, ја отворил вратата на ќелијата и, стоејќи внатре, рекол: "Кој си ти, и што сакаш да ти направам?", Ѓаволот му одговорил: "Јас сум послушникот на тој и тој монах, и носам леб. Кај овој брат, кого го познаваш има вечера на љубовта, и утре, рано во сабота, ќе требаат просфори. Те молам, немој да ме оставаш да ме растргнат хиените". Бидејќи во тоа место имало многу хиени. Блажениот Натанаил стоел во недоумица; сочувството силно се распламтило во него, срцето му се возбудило од милосрдие и, размислувајќи што да направи, си велел во себе: "Јас морам да ја нарушам заповедта (љубовта кон ближниот), или да отстапам од моето правило (неизлегу-вање од ќелијата)". Најпосле, промислувајќи благочестиво, тој си рекол: "Подобро е да не го нарушам своето правило, кое толку години го пазам, за да го посрамам и победам ѓаволот". Потоа, помолувајќи Му се на Господа, подвижникот му рекол на божемното дете: "Слушни ме, дете, или кој и да си, јас верувам и Му служам на Оној што господари над целокупното создание. Ако тебе вистина ти е потребна помош, ќе ти ја пра-ти мојот Бог, и ниту хиените ниту нешто друго ќе ти напакос-тат; а ако си, пак, искушение, и тоа сега ќе ми го открие мојот Бог". Затворајќи ја вратата, подвижникот се вратил во внатрешноста на ќелијата. А ѓаволот, посрамен и со овој пораз, се претворил во виор*, и исчезнал со бучава, налик на бучавата која ја прават дивите магариња кога бегаат.
Такво беше војувањето на блажениот Натанаил; такви беа неговите подвижнички добродетели, и неговата непобед-лива борба со противникот; таков беше и неговиот живот, и крајот на неговиот славен живот.

 

 

Издавач:

ЃаконијА

Скопје, 2002

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел

Преведе: ѓакон Игор Никовски

vozdvizenie.jpg

 

Паладиј, Епископ Еленополски- Лавсаик (6)

 http://www.google.com/search?q=Lavsaik&sitesearch=preminportal.com.mk

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3131
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7606
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная