ВЕЛИКА ИЛИ СТРАСНА СЕДМИЦА - ВО СВЕТИОТ И ВЕЛИКИ ПЕТОК (10.04.2026)

Глас 2: Луѓето злочестиви и беззакони, зошто коваат завера против Христа? Зошто Го осудија на смрт животот на сите? Навистина големо чудо, зашто Создателот на светот во рацете на беззаконици се предава и на крст се издигнува Човекољубецот, за да ги ослободи од адот заробените кои викаат: Долготрпелив Господи, слава Ти.



Ирмос: Крајната бездна гревовна ме обзеде и, не поднесувајќи ги повеќе брановите, како Јона Ти викам: Господи, од гнилежот изведи ме.

Самиот збор „акатист“ значи неседален, односно – додека се стихослови, од верните се очекува да стојат простум во знак на почит и благодарност кон Мајката Божја. Составен е од 24 дела (станци) уредени во акростих според грчката алфавита.
СИНАКСАР
Се толкува дека ангелите се служители Божји. Ангелите се тие кои ни помагаат во неволји, во страданија и во искушенија и тие секогаш се радуваат на оние што растат во доблестите, и секогаш ги натажуваат оние кои паѓаат во гревови и тие им помагаат да се подигнат од гревовите и од тешкотиите. Ангелите служат за спасение на
Жезалот во рацете на ангел е симбол на моќ и достоинство. Архангел Гаврил или Михаил може да се видат на иконите со глобус или огледало, кои ја означуваат небесната сфера, симболизирајќи универзум, диск или штит. Глобусот во повеќето случаеви се претставува светол и транспарентен како стаклена топка или сфера.
КОНДАК 3
Празникот Благовештение на Богородица е воедно и Господов и Богородичен празник. Господов е бидејќи се однесува на Христа Господа, Којшто беше зачнат во утробата на Богородица, а Богородичен е бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе во зачнувањето и вочовечувањето на Логосот Божји, т. е. се однесува на Пресвета Богородица.
Некогаш во сетилниот Рај човекот се оддели од Бога, а овде во Црквата, преку Богородица, тој се соединува со Него. Некогаш змијата ѝ шепотеше на Ева, на грев наведувајќи ја, а еве, сега, Архангелот Гавриил, со блага вест Дева ја поздравува, соопштувајќи ѝ за Овоплотувањето кое во неа треба да се изврши.
Нека се веслат небесата и нека се радува земјата, зашто Совечниот, собеспочетен, и Сопрестолен Син на Отецот, поради Својата милост и човекољубие, се понижи, по благоволение и совет на Отецот, се всели во девствената утроба, од Духот предочистена.
Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен ќе биде оној што ќе го најде да дреме. Затоа пази, душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе, но разбуди се, викајќи: Свет, Свет, Свет си, Боже, по молитвите на Богородица, помилуј нѐ























