логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

 

Тропар на светите  бессребреници
 и чудотворци Кузман и Дамјан
1/14 ноември

Свети бессребреници и  чудотворци,
Козмо и Дамјане,
посетете ги нашите немоќи,
бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Извор МПЦ-ОА    


Православен календар за 14/11/2024

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

  vozdvizenie.jpg

Светите Козма и Дамјан

Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилници на светот. Беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови колку со името на Господ Исус Христос. Ги нарекоа бесребрени лекари, бидејќи лечеа бесплатно и така ја исполнуваа Христовата заповед: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте!“ (Матеј 10, 8).           

Беа толку внимателни во бесплатното лечење на луѓето што Козма вистински се налути на својот брат Дамјан зашто овој зеде три јајца од една жена Паладија, па нареди Козма по неговата смрт да не го закопуваат до брат му Дамјан. Всушност Свети Дамјан не ги зеде оние три јајца како награда зашто ја исцели болната Паладија, туку затоа што таа го заколна со Пресвета Троица да ги земе оние три јајца.

Сепак по нивната смрт, во местото Фереман беа закопани заедно според Божјо откровение. Овие Свети браќа беа големи чудотворци и за време на животот и после смртта. На еден слуга на спиење му се беше вовлекла змија низ устата во стомакот и кутриот човек ќе издивнеше во најтешки маки, ако во последен миг не ги повикаше на помош Светите Козма и Дамјан. Така ги прослави Господ со чудотворство засекогаш оние коишто Го прославуваа Бога на земјата со вера, чистота и милост.

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1809
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2091
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 4307
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Беседи

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »

Православен календар

 

05/09/2025 - петок

Светиот маченик Луп; Светиот свештеномаченик Потин, епископ Лионски; Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски; Свети Виктор; Света маченичка Еба ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј (пренос на мошти)  7 септември/25 август /2025

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј (пренос на мошти) 7 септември/25 август /2025

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

Тропар на светиот Свештеномаченик Христов Евтихиј 6 септември/24 август   2025

Тропар на светиот Свештеномаченик Христов Евтихиј 6 септември/24 август 2025

Кадилница на апостолите Јован и Павле,саду Христов миомирисен, Евтихие рамноапостолни,ангел пред тебе патот го отвараше,Духот во тебе Христа го сведочеше,

Тропар на св. Христов св.мч. Иринеј Лионски епископ 5 септември/23 август /  2025

Тропар на св. Христов св.мч. Иринеј Лионски епископ 5 септември/23 август / 2025

Како гранка накалемена на стеблото,сок животен од Небесата прими,коренот на учењето Христос Спасителотво низата Свои столбови те постави,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная