логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 





 

Роден е на 21.07.1934 година во с. Царев Двор (Преспанско). Основното  образование го завршил во своето родно село во 1951 година, а петокласна Богословија во Призрен во 1956 година. Во 1960 година  се вработил како службеник во Скопската Митрополија.

На 6 април 1964 година примил монашки завет, а на 7 април истата година, на празникот Свето Благовештение, бил ракоположен во ероѓаконски чин во манастирот „Света Пречиста“ кај Кичево. Монашењето и ракопоагањето ги извршил Негово Блаженство Архиепископот Доситеј, обновителот на древната Охридска Архиепископија. Пролетта 1965 година, како член на делегацијата на МПЦ предводена од Архиепископот Доситеј, во својство на архиѓакон, за првпат ги посетил Канада и САД.

Истата година, есента, заминал во Московската Духовна Академија, во Сергеев Посад, каде што во 1967 година го завршил 1. (првиот) степен на студиите. Веднаш потоа од Поглаварот на МПЦ бил повикан да се врати во Татковината, поради потребите на Црквата.

На 5 јули 1967 година, на редовната седница на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, која се одржала во Архиепископската Резиденција во Криви Дол, бил избран за викарен епископ на Архиепископот Доситеј, со титула Тивериополски.

Наречението било извршено на 11 јули 1967 година, во тогашниот соборен храм „Свети Димитриј“ во Скопје, а следниот ден, во истиот храм, била извршена и хиротонија во епископски чин, од страна на Архиепископот Доситеј и епископите на МПЦ - Климент, Наум и Методиј.

На 17 јули 1967 година, како архиереј, член на САС на МПЦ, во црквата „Свети Климент Охридски“ во Охрид, учествувал во донесувањето и ја потпишал историската одлука за обнова на автокефалноста на Македонската Православна Црква, во лицето на нејзината денешна канонска наследничка и продолжителка - МПЦ. На тој 17-ти, како и следниот ден, на 18-ти јули, зел активно учество на III историски Црковно - народен собор во Охрид, во црквата „Света Софија“ на кој била донесена одлуката на САС за обнова на автокефалноста на Охридската архиепископија.

На тој Собор била донесена и Одлука и за формирање на Американско-канадската и Австралиската македонска епархија, па дотогашниот викарен епископ Кирил бил именуван за прв митрополит на таа епархија. Во 1969 година Митрополитот Кирил заминал за Канада, во Торонто, во седиштето на Епархијата, со цел одблизу да ја организира дејноста на оваа прекуокеанска епархија.

Со Австралиската епархија, која во 1974 година беше одвоена од Американско-канадската, активно раководел до 1982 година, а со Американско-канадската до 1986 година. Во периодот на  раководењето со овие епархии, од 1971 до 1986 година, администрирал и со Полошко-кумановската епархија. Во 1986 година бил назначен за митрополит на Полошко-кумановската епархија.

Започнатите студии во Русија целосно ги завршил во 1981 година, на Теолошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, со одбрана на дипломскиот труд „Македонските православни црковни општини во прекуокеанските земји (Историски развој, дејност и значење)“.

Тој е коавтор на монографијата „Почит кон Свети Кирил Солунски - Десете поклоненија на Светокириловиот гроб во Рим“ - Скопје, 1979 година. Од 1968 година па наваму повеќе пати бил водач на црковната делегација на САС на МПЦ во Рим по повод празникот на светите Кирил и Методиј на 24 мај. Автор е и на повеќе студии,  говори  и проповеди, главно со црковно-патриотска и богословска тематика, објавени во списанија на МПЦ.

По упокојувањето во Господа на Архиепископот Доситеј, односно од 22 мај до 19 август 1981 година, до изборот за поглавар на Архиепископот Ангелариј, ја извршувал должноста местобљустител на архиепископскиот трон на нашата Света Црква.

Прогласен е за почесен граѓанин во преку 15 градови во САД и Канада и во неколку во Австралија.

За време неговото архипастирствување со прекуокеанските епархии добитник е на повеќе признанија, плакети како и орден заслуги за народ.

Од страна на МПЦ ги добил највисоките признанија и одличја, меѓу кои и Орден на Свети Климент од Прв ред.

Во раните утрински часови, на 11 јуни 2013 година, се упокои во Господа.

До последниот ден беше редовен член на САС на МПЦ, а пред тоа членуваше скоро  во сите највисоки органи и тела на МПЦ.


Извор:  http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=5669

 

Друго:

  45 години во МПЦ- Mитрополит Полошко-кумановски Г. Кирил

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная