логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Sample Image


Став - Митрополит Агатангел
19.06.2013.

Повод: Колумната на г-дин Слободан Најдовски во „Утрински весник“ од 10. 06. 2013 година под наслов „Зошто насилство, дедо владика?“

 

Во текот на минатата година, свештенството во Повардарската епархија на МПЦ, во разни богослужбени пригоди, има произнесено близу две илјади усни и пишани проповеди, поврзани со разни библиски, етички и актуелни теми. Овој статистички податок е лесно проверлив и документиран, бидејќи поголемиот дел од овие проповеди се доставени во пишана форма во архивата на Повардарската епархија на МПЦ, со идеја во иднина да се направи добра селекција, од која ќе произлезе алманах, кој ќе биде сведоштво за идните генерации, за тоа, на кој начин денешните македонски православни христијани, заедно со македонското свештенство, се справувале и ги решавале своите духовни и секојдневни проблеми. Во последните неколку години во склоп на издавачката дејност на Повардарската епархија се издадени над 80 книги и брошури со разна православна духовна содржина, па затоа оваа година, за првпат во историјата, на Саемот на книгата во Скопје беа изложени и овие наши изданија. На крајот од Саемот, кога ги сумиравме податоците, голема беше нашата радост, бидејќи нашите изданија побудија огромен интерес кај читателите, кој, фала му на Бога, нема престанато и до ден денеска. Во црковната кујна во Велес, веќе шеста година по ред, а во двете црковни кујни во Скопје, повеќе од 15 години секојдневно се згрижуваат и нахрануваат неколку стотини наши сиромашни браќа и сестри. Во своето шестиполгодишно постоење веб-страната на Повардарската епархија  има околу 6 милиони посети. Оваа страница секојдневно се ажурира и се збогатува со разни актуелни настани, но и со статии и дела на свети оци и современи духовни авторитети од целиот православен свет. Во период од пет години во повеќе градови од Повардарската епархија бесплатно се извршуваат групни крштевки и венчавки на илјадници наши браќа и сестри. Моментално, во повардарскиот регион се изведуваат градежни зафати на повеќе од 15 цркви, манастири, манастирски конаци и придружни црковни објекти. Повардарската епархија, целосно или делумно, во текот на минатата година стипендираше повеќе наши талентирани ученици и студенти во земјава и во странство, не само од богословската област, туку и од другите научни дисциплини. Ние, како епархија, но и парохиските цркви, кои се дел од неа, секојдневно сме прибежиште на многумина наши браќа и сестри, кои имаат потреба од добар збор, совет или било каква духовна или материјална помош...

Дали јас преку горенапишаното имам намера да се фалам или себеси да се промовирам? Се разбира дека не, Бог нека ме чува од такви помисли! Но, дали сето ова можеше да побуди интерес кај нашите новинари и сето ова да биде насловна страна во македонските весници или ударна вест во националните електронски медиуми? Апсолутно  - да! За жал, голем дел од нашите новинари и истакнати политичари, се разбира, со ретки исклучоци, Црквата ја перципираат низ повеќедецениските стереотипи, создавани уште во време на комунизмот. Во суверена и независна Македонија за Црквата и свештенството се создадени и нови стереотипи и предрасуди, некои од нив со дури и со поапсурдна и позлобна содржина од оние комунистичките. Еден од основните стереотипи во однос на Црквата, кои сé уште се на сила, е дека Црквата е декор во општеството, па така на нејзините претставници не им е дозволено да имаат свое мислење дури и за прашања кои ја засегаат неа самата. Секое јавно искажано мислење за национални прашања е протолкувано како заземање политичка страна. Токму ваквиот однос на дел од нашиве новинари и политичари придонесе воведувањето на верската настава во образовниот систем на државата да се пролонгира и да се проблематизира со децении. Мислејќи дека му реплицираат на својот политички противник, тие всушност му наштетуваат на целото општество. Уште подобра илустрација за тоа колку се бесмислени и злобни предрасудите е токму континуираниот и оркестриран новинарски напад на младото македонско монаштво во средината на деведесетите години, во годините на неговото возобновување. Тогаш еден наш дневен весник, „носител на демократската пролет”, создаваше и поттикнуваше предрасуди и стереотипи во однос на монаштвото од типот на тоа дека оние што заминале да живеат духовен живот во манастир се заведени и дрогирани деца. Денес, истите тие „заведени деца” се Митрополитите Методиј, Пимен, Иларион, Епископот Климент, Архимандритот Партениј итн. Факт е дека некои новинари и политичари ја критикуваа Црквата и нејзините претставници исклучиво од маркетингшки побуди. Новинарите ги продаваа своите весници, а политичарите својата политичка приказна.

Во контекст на погоре реченото ја разбирам и ја толкувам и колумната на г. Слободан Најдовски, кој го искористи мојот јавно искажан став за да се пресмета со својот политички противник, но во исто време и да му се додвори на својот политички лидер, бидејќи, нели, сега е време на кадровско преструктурирање во опозициските партии. Веројатно, на крајот на колумната заради тоа се има и идентификувано себе си како поранешен пратеник, пикирајки каде си ја гледа политичката иднина. Искрено, ќе ми биде навистина мило доколку г. Најдовски не биде заборавен од неговиот политички лидер и доколку успее да ја добие, односно да ја поврати посакуваната функција. Иако многумина и низ медиумите и низ социјалните мрежи полемизираа со моите ставови, сепак г. Најдовски единствен од сите директно ми постави прашања, па затоа сметам дека нему единствено му должам директен одговор, патем користејќи ја можноста да одговорам и на оние кои индиректно ме споменуваа.

Прво, тврдењето дека некој политичар мене ми се јавил со однапред подготвено сценарио за тоа како ќе се одвиваат протестите за подршка на изградбата на црквата „Св. Константин и Елена” во центарот на Скопје го сметам за дрска и безобразна навреда на моето човечко достоинство. Околу ова прашање не сакам воопшто да полемизирам или дискутирам. Моите лични побуди за појавата на овие протести ги објаснив и тогаш, а не ми е тешко да ги објаснам и сега. Како православен владика, во принцип ја подржувам изградбата на секој македонски православен храм, вклучувајќи го и овој и не знам зошто ова треба да биде протолкувано од некои како заземање политичка страна. Јас таму дојдов во друштво на двајца црковни великодостојници, а бевме пречекани од страна на повеќе православни верници, со кои откако се поздравивме и откако го искажавме јавно својот став, сите заедно заминавме без никакви тензии или скриени намери. Ете, ова е накратко целата вистина. Инаку, ние, како Црква, од политичките постапки на г. Жерновски немаме добри спомени. Тој во повеќе наврати во минатото јавно ја напаѓаше и ѝ се исмеваше на Црквата. На сите ни е познато дека тој како големо достигнување во својата кариера го сметаше укинувањето на предметот веронаука во образовниот систем на Р. Македонија. Тогаш, ова од наша страна беше протолкувано како директен атак врз Црквата, па затоа и бев остар во критиките кон него на дотичниот ден. Основната идеја ми беше дека, ако претходно молчевме во однос на веронауката, во однос на изградбата на црквата нема да молчиме, туку јавно ќе го браниме нашиот став.

За подоцнежните случувања пред Општина Центар јас дознав дури подоцна, преку вестите на медиумите и навистина не знам зошто некој мене ме поврза со насилното однесување и кршењето огради. Јас, колку што знам и во претходните неколку денови таму имаше протести од сосема други побуди. Некои протестираа зошто немало да се гради градинка, а некои зошто немало да се гради ветеното училиште. Оваа држава има закони и има свои институции. За секој оној што насилно ќе се однесува во било која прилика и на било кое место законите предвиделе соодветна казна. Еве, како сатисфакција за г. Најдовски, ова нека биде мое јавно дистанцирање од насилниците, иако и тогаш и сега не сум имал намера да поддржам никакво насилие, ниту, пак, да се мешам во политичката борба на владејачките и опозиционите партии.

Второ, апсолутно сметам дека му е погрешна перцепцијата на г. Најдовски дека јас некои од актуелниве политичари ги делам на верници и неверници, само заради нивната партиска определба. Јас како дете сум пораснат во мултиетничко и мултиконфесионално опкружување, поголемиот дел од моето свештеничко мисионерење и дејствување сум го поминал надвор од Р. Македонија, во исто таква мултиетничка и мултиконфесионална средина. Во мојот кабинет, буквално секојдневно, се сретнувам со луѓе од различна националност и од различна партиска припадност, со сите имам изградено одлични пријателски, човечки и професионални односи. Ова можат да го потврдат оние што добро ме познаваат. Кај мене за исповед или духовно советување доаѓаат разни луѓе, со разни професии и погледи на свет и ниту еден никогаш не бил прашан дали политички му припаѓа некому или не. Колку сум понекогаш отворен и искрен во критиките на политичарите најдобро можат да Ви потврдат градоначалниците од Повардарскиот регион (со нив имам повеќе контакти), сите се од владеачката партија, но тоа воопшто не ме спречува понекогаш јавно да им замерам, доколку сметам дека нивните постапки ги загрозуваат интересите на Црквата и на верниците. И покрај отворените критики ниту еден од нив досега не ми замерил дека сум „ја фатил спротивната политичка страна”.

На крајот, би сакал да посочам дека јас, Митрополитот Агатангел не припаѓам на ниту една политичка опција. Но, во исто време истакнувам дека секогаш кога се во прашање црковните и националните интереси на мојот македонски православен народ јавно ќе го кажувам и ќе го бранам своето мислење, без разлика дали некој политичар, кандидат за политичар, активист или амбасадор ќе се почувствуваат повикани или навредени од моите ставови. Цврсто верувам во Христовите евангелски начела. Тие се критериумот на сé во мојот живот. Верувам дека нема ништо поправедно, поубаво, повозвишено од Христос и Неговата света наука и затоа ќе се трудам да го бранам, промовирам и актуелизирам ова учење во сите дни од мојот живот.

 

Митрополит Повардарски


Агатангел (Станковски)

Извор: Повардарска епархија


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная