Новопрославениот светител Гавриил Ургебадзе
Мцхета – древна престолнина на Грузија и нејзин духовен центар. Во
древните грузиски изворници овој град го нарекувале „втор Ерусалим“. На
местото каде што проповедала светата рамноапостолна Нина,
просветителката на Грузија, многу векови се наоѓа прекрасната црква
Самтавро. Денес таму постои мал женски ставропигијален манастир посветен
на света Нина.
Манастирот Самтавро чува многу светињи, меѓу кои е и една современа. Тоа
е гробот на архимандритот Гавриил Ургебадзе (1929-1995). На 20 декември
2012 година Синодот на Грузиската Црква го приброи архимандритот
Гавриил Ургебадзе во хорот на светителите.
Неговите поуки, дарот на прозорливост и исцеленија од болести уште
додека бил жив ги привлекувале христијаните и ги просветувале неверните.
Денес околу неговиот гроб, над кој гори неизгасливо кандило, простојано
доаѓаат луѓе, кои ја молат неговата молитвена помош.
Јуродив уште од детството
Поуки од старецот Гавриил
Љубовта е над сите канони и устави. Ако мразиш дури и само еден човек –
ти си одвратен пред Бога. Треба да ги сакаме сите. Но ако не можеш,
барем на сите посакувај им добро. Во последните времиња луѓето ќе се
спасуваат со љубовта, смирението и добрината. Добрината ја отвора
вратата на Рајот, смирението воведува внатре, а љубовта Го покажува
Бога.
Во последните времиња приврзаниците на антихристот ќе одат во црква, ќе
се крстат и ќе ги проповедаат евангелските заповеди. Но не им верувајте
на оние, кои немаат добри дела. Само по делата може да се препознае
вистинскиот христијанин.
Ти не осудувај, судија е самиот Бог. Оној кој осудува, како празен клас
од пченица, кој секогаш има крената глава и кој затоа секогаш гледа на
другите одозгора надоле. Ако видиш убиец, или блудница, или пијаница,
кој се валка на земјаа, не осудувај никого, затоа што Бог им ги допуштил
нивните поводи, а твојот го чува в раце. Ако и твојот го допушти, ти ќе
бидеш во полоша положба: може да паднеш во тој грев, за којшто го
осудуваш другиот и да загинеш.
На почетокот лечи Бог, а потоа лекарот, но оној кој не му благодари на
лекарот, не Му благодари ни на Бога. Оној кој се труди заслужува
награда. Умот и рацете налекарот творат богоугодни дела.
За Бог не е важно кој си ти: монах или мирјанин. Главно е – стремежот
кон Бога. Но ќе успее ли некој да достигне совршенство? Сепак со стремеж
човекот и се спасува. Од оној кој монахува ќе се бара монашкото, а од
мирјанинот – световното.
Мразете го злото. Човекот, пак, кој твори зло, љубете гои жалете го.
Може да се случи, оној кој денес твори зло, утре со молитви, солзи, пост
и покајание да се очисти и да стане подобен на ангел – сè е во волјата
Божја. Има многу такви случаи…