Понеделник, 19 Јануари 2015 00:00
На 19.01.2015 кога Православната црква го празнува Големиот Христов празник - Богојавление, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи света Василиева Божествена Литургија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје заедно со свештеници од Скопската епархија.
По отслужената Литургија се изврши Голем Богојавленски водосвет и верниците се упатија кон р. Вардар каде беше положен Крстот за осветување на водите.
Извор: Скопска епархија