Прославата на празникот на Богојавлението во Велес започна со Света Божествена Литургија во храмот „Св. Спас“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес. Потоа, од храмот „Св. Спас“ беше формирана литија до мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше фрлен чесниот и животворен крст во водите.
Традиционално секоја година велешани масовно присуствуваат на осветувањето на водите и фрлањето на животворниот крст, а секоја година голем е бројот на оние коишто се фрлаат во студените води на реката Вардар за да го фатат крстот. Оваа година се постигна бројка од 94 млади луѓе кои влегоа во водите на реката Вардар за да го фатат крстот за здравје и спасение. Годинава, крстот го фати Драган Илков од Велес, кому ова му беше прво фаќање на чесниот и животворен крст.
Нему Митрополитот Повардарски, Господин Агатангел му ја подари Библијата и златен крст, а десетина други спонзори му подарија други пригодни дарови. На осветувањето на водата на реката Вардар оваа година покрај многубројните велешани присуствуваше и Премиерот на Р. Македонија, г-дин Никола Груевски, градоначалникот г-дин Славчо Чадиев и пратениците од Велес.
Повеќе:
https://plus.google.com/photos/116459232422373861442/albums/6106012443184948577