На 19. 01. 2015 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во сите храмови во Брегалничката епархија беше свечено одбележан а централната прослава се одржа во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, каде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници при Соборниот храм, отслужи Света Василијева Архиерејска Литургија.
На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, а потоа со свештениците и многубројниот православен народ, како и Градоначалникот на Општина Штип прим. м –р Илчо Захариев, во литија, се упати кон Мостот на реката Брегалница, каде изврши Голем Богојавленски водосвет и го потопи светиот крст. Најсреќен од четериесетината, крстот го фати Горан Јовевски, кого Митрополитот г. Иларион го дарува со Свето Писмо – Библија и икона со „Крштевањето на ГИХ“, а Општината Штип му подари скромен дар.
Повеќе:
http://www.bregalnickaeparhija.org.mk/index.php/82-2010-01-15-21-45/2010-01-15-21-513/832-2015-01-19-11-56-58