Со дрвото Адам беше иселен од рајот, и со крсното дрво разбојникот во рајот се всели: првиот, кога вкуси, ја отфрли заповедта на Творецот; вториот, пак, распнат со Тебе, Те призна за Бог, викајќи: Спомени ме, Господи, во Царството Твое.
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани.
На 9-ти април 2015 година, на Велик Четврток, во манастирската црква посветена на св.вмч. Георгија во скопската месност Криви Дол, презвитер Горан Тасески во сослужение на ѓаконот Гаврил Најдовски ослужи Василиева Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.По отслужената Литургија се изврши Светата тајна Елеосвештение (Маслосвет).
Свети Силуан Атонски
Кога човекот се плаши да Го нажали Бога, со каков и да било грев, тоа е првата љубов. Оној чијшто ум е чист од помисли, тоа е втората љубов, поголема од првата. Третата, уште поголема е кога некој ја чувствува благодатта во душата. А оној кој ја има благодатта на Светиот Дух и во душата и во телото, тоа е совршената љубов. И од телото на оној што ќе ја сочува таа благодат, ќе останат мошти, како кај светите маченици, или кај пророците, или кај преподобните и другите големи светии.
Маслосвет
Преминпортал (к.т.)
Друго: