логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  17.jpg

 11.jpg

Реставрирано најстарото Евангелие во Бигорски

10 мај 2016 лето Господово

01.jpg



Откако пред неколку години во два наврати беше извршена реставрација настаропечатени книги и ракописи, овие денови заврши реставрацијата на најстарото Евангелие од книгохранителницата на Бигорската Обител. Според натписот на почетокот, Евангелието е печатено во градот Москва, во 1703 година, во времето на „царот и велик кнез Петар Алексиевич (Велики), самодржец на целата Голема, Мала (денешна Украина) и Бела Русија.“ Во текот на деветнаесеттиот век, поточно во периодот помеѓу 1837 и 1857 година, како што се докажа од испитувањето на користената хартија, е извршена реставрација која значително го променила неговиот изглед. За жал, неповолните услови во кои се чувала оваа старопечатена книга придонеле за нејзино скоро уништување. Но, по иницијатива на Игуменот на Свештената Обител, Архимандрит Партениј, а со штедра донација од страна на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се изврши целосна реставрација на оваа книга, со што ѝ се врати нејзиниот поранешен сјај.

16.jpg

14.jpg

02.jpg

За спроведување на овој значаен потфат беше повикан професорот по реставрација на книги и ракописи од Вишата црковна академија во Солун, господинот Николаос Манѕурис, познат по неговата работа во библиотеките на светогорските манастири Ватопед, Дохијар, Ксиропотам и др. Беше одлучено да се користи методот на санација при која ќе се задржи последниот изглед на книгата, а реставрацијата беше спроведена во текот на четириесет дена. Грбот беше зацврстен, хартијата исчистена од прашина и восок, сите искинати и нагризани делови од хартијата и дрвото беа надополнети, се стави нова прекривка од кадифе, а металните украсни делови беа поправени и повторно позлатени. Сите интервенции – лепење, шиење и сл. – се извршија на истиот начин кој се користел во времето на создавање на книгата, односно на нејзиното прво реставрирање, а за надополнување се користеше рачно изработена јапонска хартија со тежина како оригиналната.

Овој проект е дел од многуте потребни мерки кои треба да се спроведат за прописно функционирање на бигорската книгохранителница, како би можела таа да ги отвори вратите за сите заинтересирани истражувачи. Сеуште е потребно уредување на соодветната просторија која ќе се користи како депо, со што ќе се исполнат условите нашата Свештена Обител да си ги поврати и изложи за јавност своите десет ракописи од 15 и 16 век, а кои денес се наоѓаат во Државниот Архив.

Изразувајќи ја нашата благодарност до оние кои овозможија ова свето Евангелие да си го врати стариот сјај и да стане врвен украс на нашата книгохранителница, повторно упатуваме апел до сите благочестиви Христијани и родољубиви Македонци да го помогнат реставрирањето на старите бигорски книги и опремувањето на депото и на тој начин да придонесат за зачувување на историските споменици на Христијанството во овој наш херојски крај.

11.jpg

15.jpg

08.jpg

 05.jpg

 09.jpg

16.jpg

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

« »

Православен календар

 

30/01/2025 - четврток

+Преподобен Антониј Велики; Светиот цар Теодосиј Велики; Светиот маченик Георгиј Нов Јанински;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная