Почитувани,
Со задоволство Ви ја пренесуваме веста за промоција на книгата „ВИЗАНТИЈА ВО ДИЈАЛОГ“ од отец Милан Ѓорѓевиќ, професор и продекан за наука и меѓународна соработка на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје.
Промоцијата ќе се одржи на 12 мај 2016 (четврток) во 12.00 часот во свечената сала во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
На промоцијата ќе се обратат Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан; проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје; г-ѓа Павлина Аџи-Митреска Лазаревска, главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Магор“.
Промотор на изданието ќе биде акад. Витомир Митевски.
На промоцијата ќе настапи византискиот хор „Хармосини“ под водство на проф. д-р Ристо Солунчев.
Го очекуваме Вашето присуство и срдечно Ве поздравуваме