Во светот не постои сила поголема од љубовта и простувањето. Ако светот беше создаден од љубовта Божја, тогаш тој продолжува да постои како резултат на Неговото простување. Ние, луѓето по потопот, сме наследници на светот што одново ни е даруван преку простувањето.
На почетокот, го немавме дури ни вечниот живот како дар, туку го примивме преку простувањето што на сите ни Го подари Синот Божји на Крстот. Оттогаш, благодарение на ова простување ние постоиме, повикани да го оживуваме светот во секој миг, преку проштевањето што си го даруваме едни на други.
Проштевајте за да ви биде простено.
Извор: манастир Зрзе