логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 01.jpg

13/26 февруари 2017 лето Господово


Умилителна вечерна на простувањетоНе одвраќај го лицето Свое од чедото Твое; бидејќи страдам, бргу услиши ме; пази ја душата моја и избави ја. Спасението Твое, Боже, нека ме прими (од великиот прокимен на Вечерната богослужба во неделата на простувањето)


Неодамна нашето срце обременето од гревови го испушти својот крик во храмот: „Вратите на покајанието, отвори ми ги, Животодавче...“ Душата веќе трепетно го чувствуваше наближувањето на постот. Потоа, преку огледалото на Фарисејот и митникот, се огледавме во нашите души, со гласот на Блудниот син повикавме кон небесниот Отец. Наеднаш болно свесни за тоа колку далеку сме од вистината, колку далеку од нашата вистинска Татковина: „О, Господи, згрешив против небото и пред Тебе, но прими ме како еден од Твоите наемници“. Утрово се опоменавме од изгонувањето Адамово од Рајот, се потсетивме на неговиот плач по изгубеното достоинство и слава. И еве сме сега на последното скалило пред постот, останува само уште едно: од срце да му простиме на ближниот што ни згрешил, барајќи истовремено прошка за своите гревови. Оти само така ќе Го смилостивиме Бога да го покаже Своето огромно милосрдие кон нас и да го раскине долгиот список на нашите многубројни гревови, со кои сме Го нажалиле Неговото долготрпение. За нас, Христијаните, нема друг начин да ја покажеме својата љубов и верност кон Бога, освен со љубов, трпение и меѓусебно проштевање на гревовите, што по својата слабост сме си ги направиле.


Токму затоа, ништо друго како оваа благодатна Вечерна на простувањето не ја покажува во толкава мера длабочината на христијанската љубов и снисходење, и неизмерната милост со која Бог ги осенува покајаните срца и исполнува со духовна радост. Таквиот покаен амбиент со којшто дишеше бигорскиот храм, ги поттикнуваше срцата со најчиста скрушеност да бараат прошка од своите ближни, најпрвин од својот Старец, зашто тој во миговите на нашите искушенија секогаш го зема на себе најголемиот товар на нашите слабости, а потоа и еден од друг, просејќи молитви за духовно преуспевање во Постот. И секој во себе ги носеше зборовите што најпрвин, низ солзи, трогателно се излеаја од умилителното и исполнето со татковска љубов срце на нашиот возљубен Старец.


Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, изговорено во храмот на Умилителната вечерна на простувањето

Господи, помилуј! Господи, смилувај ми се мене, грешниот! Господи, нека биде Твојата милост на мене онака како што се надевав на Тебе! Потребна ми е милоста Господова! Потребна ни е на сите нас! Нема човек кому не Му е потребна Божјата милост. Таа ги крепне нашите срца, ги гали и успокојува душите... Но, за да ја добиеме неа, постои еден услов. Слушнавме утрово на Светата Литургија како милостивиот Христос ги поучува луѓето, велејќи: ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен; ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето, и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите (Матеј 6,14-15). Како да сака да каже дека од нас самите зависи дали ќе ја примиме Божјата милост, која, пак, ни е дадена подеднакво на сите. А ќе ја добиеме доколку и ние покажуваме милост кон нашите собраќа. Гледајте колку е милостив Господ! Од љубов Он слезе на земјата и скапо, многу скапо -  со Својата скапоцена крв - нè откупи од смртта! Он ги зеде на Себе нашите немоќи и ги понесе болестите (Матеј 8,17), бидејќи ги знае човечките страсти и слабости. Го знае и тоа дека човекот, во својата слободна волја, може да ја заборави светлината и да тргне по мракот. И тагува поради тоа, и ненаметливо нè повикува да бидеме милостиви, за животворните капки на Неговата милост да стасаат до нашето срце, да се отворат нашите духовни очи, та од темнина да преминеме кон светлина.


На прагот сме од Великиот Пост, кој, да повториме, е подготовка за Празникот, за најголемиот Празник - Пасхата, што токму тоа и значи: премин од смрт кон живот. Во пасхалниот канон на Воскресението пееме: „Од смрт кон живот и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе“. Меѓутоа, потребна е нашата согласност, нашето покајание, за да може Христос да нè возведе во небесните височини на неискажливата радост. Зашто Он сака да општи и да се радува со нас. Затоа и Човек стана. Сега на нас останува дали ќе Му дозволиме да нè обожи со Својата благодат. А секој Велик Пост претставува една мисловна скала, по која, ако чекориме правилно, се издигнуваме сè повисоко во духовните пространства и доаѓаме поблизу до Бога. Да тргнеме, најмили мои, по таа скала! Секако дека е потребен голем труд, искушенијата се тешки и многубројни, но целта е прекрасна: соединување со Бога во Неговата неизмерна радост. Светата Четириесетница, најстариот пост востановен од Црквата, е најблагопријатното време за човекот да се приближи до Бога. Затоа и се нарекува Велик: не само поради должината, ами уште повеќе поради значењето, бидејќи е крунисан со најсветите спасителни Христови Страдања и со Празникот над празниците, кој ја дава смислата на нашиот живот.


Се радувам што ве гледам овде, и да знаете, Бог ве избрал да бидете претставници што треба да се каат во името на сите што од незнаење грешат. И тоа не треба да ви биде за гордост, туку за одговорност, бидејќи Бог ве привел кон богопознание и сте должни да Го сведочите Него и на другите. Се разбира дека и покрај тоа што сме Негови, ние сме многу грешни, но знаме каде е нашето спасение, Го љубиме и Го бараме Него. А Он нема никогаш да нè остави. Важно е само да се каеме и смируваме. Гледате колку често во молитвите извикуваме: „Господи, помилуј“, „Боже, смилувај ми се!“, „Помилуј ме, Боже, помилуј ме“, „Боже, очисти ме, грешниот, и помилуј ме...“ Нема човек кој не греши. Но, многу важно е да се пазиме особено од најголемиот грев, од тоа кога човек ќе престане да го разликува доброто од злото и кога потполно ќе се предаде на страстите. Накрај таквиот човек ќе го изгуби и умот, па ќе рече: „нема Бог“. Рече безумниот во срцето свое: „Нема Бог” (Псалм 13,1). Ете тоа е најстрашниот грев. За сите други гревови, без разлика какви и да се, има прошка во Божјата љубов, меѓутоа, како би можел да добие простување оној што самиот се одрекува од неговото постоење?Кога се трудиме во простувањето, кога им проштеваме на сите, ние постепено се уподобуваме на Бога во љубовта. Деновиве си размислував: да не беше Светото Евангелие и верата во Христа, немаше да сакам да помогнам на ниеден човек; просто немаше да сакам ни да живеам. Но, токму Христа и Неговото Евангелие ми беа единствената побуда да го посветам својот живот во служба на ближните. Го отворив срцето за секаков вид луѓе и им дозволив да влезат во мојот живот. Многупати и страшно пострадав поради тоа. Но, никогаш не дозволив да се затворам за другите, туку постојано ме водеше љубовта што Христос ја проповеда во Евангелието. Пред некој ден на некои мои духовни чеда им реков дека не верувам во хуманост без Христос. Лесно е да бидеш хуман од своето удопство, и да даваш милостина од својот одвишок; или да сострадуваш со луѓето, гледајќи на телевизија како тие страдаат; или, поминувајќи на улица да му фрлиш на некој сиромав некој денар, па да си кажеш: „ах, кутрите луѓе! Јас многу ги сакам, хуман човек сум“. Ама сосема друго е да се љубат тие вистински, искрено, без никаков надомест за возврат, без егоистична себеисполнетост; да ги примиш во своите животи, да им дадеш простор во своето срце, да го земеш оној кој пита и да го нахраниш дома, и да го жртвуваш своето време и удоволствие за да им помагаш на другите... Доколку ја немаш верата, тоа е невозможно. Затоа мислам дека нема вистинска хуманост без Христос. Единствено Он нè учи да бидеме милостиви на божествен начин: бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец (Лука 6,36). Особено, пак, да се трудиме во милосрдието во текот на деновите што следат.


Да Му ги преклониме нашите срца во покајание за сите! Ако некој, можеби, и не се чувствува доволно грешен и смета дека нема причина за покајание, тогаш нека помисли на сите оние што страдаат и грешат, далеку од познанието за Бога. Нека се моли и нека бара од Господ милост за нив, обвинувајќи се себеси за нивните гревови. Во проповедта утрово говорев, меѓу другото, и за Татковината. И вечерва повторно ќе проговорам, бидејќи моето срце, еве, веќе две години, така да кажам, смртно се нажалува поради целокупната ситуација во Македонија. Не можам да се изначудам, гледајќи како без љубов се однесуваме кон свештеното нешто што ни го оставија нашите предци. Оваа држава, иако мала, родена е во многу крв. А денес, така евтино ја продаваме! Исто како што Јуда предавникот процени дека вреди само триесет сребреници Оној Кој на светот живот му даде. Но, и преѓе кажав, а и сега ќе повторам: не смееме никого друг да обвинуваме или осудуваме, бидејќи за лошата состојбата во која се наоѓаме, виновни си сме ние самите - прво јас, па потоа другите. Затоа, ова благопријатно време во кое Црквата нè повикува на пост, засилена молитвата и покајание, да заплачеме духовно и да се каеме. Се надевам дека Господ нема да нè остави, туку ќе постапи онака како што се надеваме на Него.


Добар пост и Господ сила да ви дава, да светлите со добри дела и што повеќе луѓе се привлечат за Христа од таа светлина!

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная