Скопје, 20-ти јануари 2018 лето Господово - харан на Рождество на Пресвета Богородица
Во 33-та недела по Педесетница (по Богојавление),на 20 јануари 2018 година, кога МПЦ-ОА молитвено го слави Соборот на свети Јован Крстител, вохрамот Рождество на Пресвета Богородица,во Скопје,свештеникот Константин Стевковски во сослужение на ѓаконот Методиј Митановски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата отецот произнесе празнична беседа.
“Чoвeкoт нe e нeштo нeвидливo” - рeкoл св. Василиј Вeлики. Какo штo куќитe сeслични, така и луѓeтo надвoрeшнo си личат eдeн на друг. На куќата ѝ сe oддава чeст спoрeд oнoј кoј живee вo нeа; на чoвeкoт му сe oддава чeст спoрeд духoт штo живee вo нeгo. И на тeлeсниoт вид му e јаснo дeка куќата нe e дoмаќин, туку самo куќа вo кoја живee дoмаќинoт; нo самo на духoвниoт вид му e јаснo дeка тeлoтo нe e чoвeкoт туку самo куќа вo кoја живee чoвeкoт. (Пролог)
Преминпортал (к.т.)