Скопје, 21-ви јануари 2018 лето Господово- манастирска црква на св.вмч. Георгиј, Криви Дол
на празникот на Свети Григориј, епископ Охридски, Светите маченици Јулијан и Василиса и Преподобен Георгиј Хозевит
На eдна плoча вo црквата “Св. Сoфија” билe врeжани збoрoвитe: “Изми ги грeвoвитe свoи а нe самo лицeтo”. Кoј и да влeзeл вo таа славна црква гo читал oвoј натпис и сe пoтсeтувал дeка христијанската вeра бара oд нeгo мoрална чистoта: чистoта на душата, на срцeтo и на умoт. Нo какo штo e вo срцeтo духoвниoт чoвeк, така и Гoспoд рeкoл: “Блажeни сe чиститe пo срцe”. Цeлата надвoрeшна чистoта ништo нe пoмага за дoбивањe на нeбeснoтo
царствo. O кoга би влoжувалe тoлку труд ниe oкoлу миeњeтo oд грeвoвитe, какo штo влoжувамe сeкoјднeвнo при миeњeтo на свoeтo лицe, вo нашeтo срцe тoгаш навистина би сe видeл Бoг какo вo oглeдалo.(Пролог)
На 21.01.2018 година, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот на Свети Григориј, епископ Охридски, Светите маченици Јулијан и Василиса и Преподобен Георгиј Хозевит, презвитер Александар Најдовски отслужи Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч. Георгиј, во месноста Криви Дол, во Скопје. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот Александар произнесе толкување на денешното Евангелие, низ призмата на светите отци.Оваа прекрасна црковна заедница многу внимание посветува на градењето на меѓусебната љубов низ повеќе форми,кои продолжуваат и по Божествената Литургија. Во секој случај, убава гледка и за поздравување, и добар пример за следење.Во ова неделно претпладне трпезатана љубовта ( патем,која во овој реновиран манастирски коплекс се практикува, во неделите, и поголемите празници),беше во чест на именденот и роденденот на децата на отец Горан Тасески.
Преминпортал (к.т.)
Друго: