Скопје, 24.01.2018 лето Господово- храм Свето Благовештение
Недела на митарот и фарисејот
Со горделивоста се уништува секое добро, а со смирението се истребува секое зло: верни, да го прегрнеме смирението и да се гнасиме јавно од лажната слава. При богатсво од добродетели, горделивоста нѐ осиромашува; напротив, и кога сме лишени од нив, смирението нѐ збогатува и нѐ оправдува, затоа и ние го придобиваме.
На 28 -ми јануари 2018 година, на празникот на преподобен Гаврил Лесновски протопрезвитер Душко Наумовски отслужи Божествена Литургија во храмот на Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар, во Скопје. Во текот на литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Преминпортал (к.т.)