Скопје, 30-ти јануари 2018 лето Господово
Поука на денот: Старец Јосиф Спилеот
Молитвата треба да се кажува со внатрешното слово, но бидејќи на почетокот умот се нема навикнато на неа, ја заборава. Заради тоа ја кажуваме некогаш со уста, а некогаш со ум. Тоа се случува с? дотогаш, додека не се засити умот, така што молитвата станува енергија. Енергија имаш тогаш, кога кажувајќи ја молитвата, во себе чувствуваш радост и желба постојано да ја повторуваш. Значи, кога умот ќе ја преземе молитвата, така што ќе стане како што ти пишувам – радост, тогаш ќе се кажува внатре во тебе, непрестајно, без твој напор.
На 30 јануари 2018 година, кога МПЦ-ОА молитвено го прославува споменот на преподобниот Антониј Велики, свештеникот Димче Малинов во сослужение на ѓаконот Димко Симевски во храмот на свети пророк Илија во Скопје служеше света Златоустова Литургија.На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал (к.т.)