Скопје,10ти март 2019 година- храм на св.вмч. Димитриј
Денес,во Недела сиропусна, кога Македонската Православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на Свети Тарасиј, патријарх Цариградски,Преподобен Пафнутиј Кефалас , во храмот на св.вмч.Димитрија каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух, свештеникот Жарко Ѓорѓиевски во сослужение на ѓаконот проф. Димират Белчовски, отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата, отецот произнесе празнична беседа, и протолкувајќи го денешното Евангелие, не упати на проштевањето како прво скалипо по патот на нашиот духовен раст:
„Денес е Прочка; денес е ден на простувањето. Денес зачекоруваме по патот на засилената молитва со желба подостојно, почисто и подостоинствено да се издигнеме во прославувањето на Празникот над празниците - Воскресението Христово. Денешниов чекор - барањето прошка и простувањето е првото скалило на нашето патешествие. Во денешно време, колку е тешко да се прости, уште потешко е да се најдат сили и да се побара прошка. Простувањето бара смиреност, слегување до најтемните длабочини на душата, чистење на духовните депоа, замрачени од секојдневните потреби, проветрување од гревот и страстите. Да се побара прошка и да се соберат сили за простување е првото скалило во долгото искачување до совршенството; зашто христијаните не смеат да се задоволат со ништо помалу од совршенство, според зборовите на Спасителот: „Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец Небесен!"- (Повеќе)
Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Ако мислиш лошо за луѓето, тоа значи дека лошиот дух живее во тебе. И тој ти ги вметнува лошите помисли за луѓето. И ако некој не се покае и умре, не простувајќи му на братот, тогаш неговата душа ќе отиде таму каде што живее лошиот дух, што ја заробил душата. Таков е духовниот закон: ако простуваш, значи дека и тебе Господ ти простил. А ако не му простуваш на братот, значи дека и твојот грев останува со тебе. Господ сака да го љубиме ближниот. И ако размислуваш за него, дека го љуби Господ, значи дека љубовта Господова е со тебе. И ако мислиш дека Господ многу го љуби Своето создание, и самиот ја сожалуваш сета твар, и ги љубиш своите непријатели, себеси, пак, се сметаш за полош од сите, значи дека со тебе е голема благодат на Светиот Дух.
Преминпортал (к.т.)
Друго: