Скопје,10ти септември 2019 г.- Соборен храм Свети Климент Охридски
Кондак 5
Завидувајќи на твојата непоколеблива вера, завидливецот, ѓа-
волот, испрати во манастирот неверни Арнаути за да го раз-
грабаат и опустошат твоето молитвено прибежиште. Но, гле-
дајќи го монашкито срце и слушајќи ги твоите чисти молитви,
Бог не им дозволи на неверните злобници да ти наштетат или да
те расколебаат. Избавен од нечесната рака, ти отче преподобен,
Бога Го славеше и пееше: Алилуја!
Икос 5
Бидејќи повеќе не можеше да останеш во Бањани, ти на Бога
Му се предаде и во Неговата чудесна промисла не се по-
сомнева. И сега Бог не те остави, и откако во светот твојата вера
ја испита, во Марковиот манастир на великиот маченик Дими-
триј те прати. Мислејќи дека твојата голгота тука завршува, ти
пред Бога се смири и во тихование се повлече. А ние, следејќи
како Бог кон светителски венец те принесува, ти пееме вака,
отче Јоаникие:
Радувај се, Божји избранику!
Радувај се, смирен послушнику!
Радувај се, пастиру добар на словесното стадо!
Радувај се, крину на чесното свештенството!
Радувај се, грозду на вистинската лоза!
Радувај се, плоду на спасоносното дрво!
Радувај се, мирисен темјану!
Радувај се, златосјајно кандило!
Радувај се, престојнику во благодатта Божја!
Радувај се, душегрижнику кој постојано плачеш!
Радувај се, преподобен отче Јоаникие, ракотински чудотворче!
Друго:
Друго:
Акатист кон преп. Јоаникиј Ракотински, Соборен храм, Скопје (23.10.2018)
По милоста Божја и со содејство на
Предвечната и Единосуштна Троица,
овој акатист се состави и заврши на 27 јули 2017
во денот на светиот Сампсон Странопримец,
во најсветиот град Охрид.
http://preminportal.com.mk/pdf/Akatist_na_prepodoben_Joanikij_Raotinski.pdf
Акатист кон преп. Јоаникиј Ракотински, Соборен храм, Скопје (03.10.2017)
Акатист на преподобниот отец наш Јоаникиј Ракотински (.PDF)
Издава:Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА
Акатист кон преп. Јоаникиј Ракотински, Соборен храм, Скопје (22.05.2018) ...
Друго:
Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и македонски г.г Стефан, во соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје, секој вторник по Вечерната богослужба, која започнува во 17:00 ч., ќе се чита Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј ќе биде отворен за поклонување од страна на верните.
Свети Јоаникие, моли Го Бога за нас!
Со љубов во Христа,
Скопска православна епархија
ПреминПортал (A.T.Р.)