Скопје, 19ти април 2020 год.- храм на св. Јован Крстител
Воскресение Христово (Велигден) – Света Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, во Скопје
Токму кон ова духовно воскресение, обнова на нашите души, не повикува Црквата на великиот и радосен ден на Светлото Христово Воскресение. „Денес дојде спасение за светот, видлив и невидлив! Христос воскресна од мртвите-востанете со Него и вие; Христос е во Својата слава-издигнете се и вие; Христос стана од гробот-ослободете се од оковите на гревот! Отворени се адските порти, уништена е смртта, Новиот Адам го замени стариот: И така, кој е во Христа, тој е ново создание; старото помина ете, се стана ново (2 Кор. 5,17); обновувајтесе!"
(свети Григориј Богослов)
На 19 ти април 2020 година, во Светла ноќ на Воскресението Христово, во храмотна св.Јован Крстител, во скопската населба Капиштец, ереј Игор Острески во сослужение настарешината на храмот о.Жарко Пејковски, отец Среќко Ангелкоски, отец Михаил Таневски, о.Владимир Кралев и ѓаконот Игор Трпкоски се отслужи Пасхална Утрена и Божествена Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Христос Воскресна! Навистина Воскресна!
ВИДЕО 2
[youtube height="450" width="750" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=mB7BpGLH3Fk[/youtube]
Преминпортал (к.т.)