Скопје,25ти октомври 2020 година- храм на св.вмч. Димитриј
25. октомври 2020. година
Свети маченици Тарах, Пров и Андроник
Недела XX по Педесетница (Лука, зачало 30)
На 25ти октомври 2020 година кога Македонската Православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на Свети маченици Тарах, Пров и Андроник, во храмот на св.вмч.Димитрија каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух, свештеникот Жарко Ѓорѓиевски во сослужение на ѓаконот Димитар Белчовски отслужи Литургија на Претходноосветени дарови. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Кога Господ Исус Христос ја здогледал мајката како ја следи погребната поворка и тажи над својот починат син единец, како што опишува евангелистот, „се сожали над неа, па и рече: Не плачи!" Самата глетка навистина била жална - Христос не барал докази за вера, не барал одговори кој е и каков бил починатиот, какво му е семејството - но едноставно, безмерното човекољубие излегло на виделина. Тука не се работи за привид, некоја преносна смисла или значење, но за вистински настан, кој се случил во одредено време на одредено место. Чудото се случило наеднаш, со силата на зборот Божји, кога вели: „Момче, тебе ти велам, стани!"
Овие зборови се така едноставни како и зборовите при создавањето на светот и човекот. „Ајде да создадеме човек" - „Момче, тебе ти велам, стани!" - нема никаква разлика во едноставноста на зборот. Нема дури никаква разлика во љубовта од која е создаден човекот и љубовта со која момчето повторно оживува. Бог нема потреба од нашите скептични прашања - дали нешто е, или не е; нема потреба да се докажува пред својата творба. Да се потсетиме, и светот и човекот се создадени од неизмерната Божја љубов, а и ова момче, на кого ниту името не му го знаеме е воскреснато од истата таа љубов, милосрдие и човекољубие. Бог не противречи на своето дело - Он не против законите кои Самиот ги поставил - Он е над тие закони, во димензија за нас неразбирлива, замаглена, но сепак ветена. Божјиот образ е даден, но подобието е зададено - токму подобието, односно богоуподобувањето, е нашиот секојдневен исчекор нанапред кон совршенсвото во кое не повикува нашиот Создател. (Повеќе)
Преминпортал (к.т.)
Друго:
- Жарко Ѓорѓиевски✥ Преображение Христово ✥ (19.08.2020)
- Божествена Литургија во храмот на св. вмч. Димитриј, Скопје (31.03.2019)