Скопје, 23ти октомври 2020 год.- храм на св.пророк Илија, н.Аеродром
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 7:31-35
На 23ти октомври 2020 година, во нашата света, соборна и апостолска Црква молитвено се прослави споменот на :
Преподобен Теофил Исповедник
Во деветнаесетата недела по Педесетница, на 23ти октомври 2020 година, кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на Преподобен Теофил Исповедник,Светите маченици Евлампиј и Евлампија, во храмот на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром отец Тино Стефковски во сослужение на ѓаконот Александар Брајановски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.И во овој петок во храмот се отслужи Мал петочен водосвет.
Свети Теофан Затворник
Свеста за Божјата добрина, пред сè кон нас самите, го загрева нашето срце кон Него. Бидејќи, љубовта со љубов се разгорува. Откако ќе ја почувствуваш љубовта Божја кон себе, не ќе можеш да останеш студен кон Него: твоето срце само од себе ќе Му се обраќа на Бога, полно со љубов и благодарност, и ќе се разгорува до светол пламен. Таа љубов не ти дозволува да Го заборавиш ниту за еден миг. Тоа е целта. Затоа прими ги овие упатства со полна вера и употреби го сиот свој труд за тоа сеќавањето на Бога да го утврдиш во срцето и умот. Во сеќавањето на Бога се наоѓа сета сила. Оној кој во него се утврдува со стравопочит и во топлината на срцето, и сè друго ќе исполни во полнота.
Мал петочен водосвет:
„За да се освети оваа вода со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух...“
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Друго:
„Современ светител, кој бил лекар-хирург, професор на медицина и епископ во Крим, имајќи искуство во телесната и во духовната медицина, ни препорачува: „Пијте почесто света вода. Таа е најефикасен лек. Не ви го велам ова само како свештеник, туку и како лекар. Од моето долгогодишно искуство во медицината“ (Свети Лука Кримски +1961 год.).“
Света вода - во што е нејзината сила?
24ти јули 2020 лето Господово