Скопје, 28ти мај 2021 лето Господово- храм Рождетво на Пресвета Богородица
Во четвртата недела по Воскресение (недела на Раслабениот), на 28ми мај 2021година, кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на +Преподобен Гаврил Велички; Преподобен Пахомиј Велики; Свети Ахил, епископ Лариски; Преподобен Силуан;во храмот на Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Спасе Таковски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе беседа од житијата на преподобен Гаврил Велички и свети Ахил, епископ Лариски;. А во овој петок свештеникот Ангел Сердарски отслужи Мал петочен водосвет.
Мал петочен водосвет:
„За да се освети оваа вода со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух...“
„Современ светител, кој бил лекар-хирург, професор на медицина и епископ во Крим, имајќи искуство во телесната и во духовната медицина, ни препорачува: „Пијте почесто света вода. Таа е најефикасен лек. Не ви го велам ова само како свештеник, туку и како лекар. Од моето долгогодишно искуство во медицината“ (Свети Лука Кримски +1961 год.).“
Света вода - во што е нејзината сила?
24ти јули 2020 лето Господово
Преминпортал (к.т.)
Друго:
п.п