НЕДЕЛА ПРЕД БОГОЈАВЛЕНИЕ
Пред јавувањето на Бог на народот и пред Неговото стапување во исполнување на домостројот на нашето спасение, беше пратен свети Јован Претеча за да ги подготви луѓето да го прифатат (Мк. 1, 4). Таа подготовка се состоела во повикување на покајание. И од тоа време покајанието станало пат кон Господ и предворје на верата во Него. Самиот наш Спасител својата проповед ја започнал со зборовите: Покајте се и верувајте во Евангелието (Мк. 1, 15). На оној кој што сака спасение, покајанието и верата упатуваат едно на друго. Покајанието го оптеретува со бремето на гревовите и го плаши со страшниот и неизбежен суд на правдата Божја. Но, доаѓа верата и му укажува на Избавителот, па тој оттргнувајќи го бремето на гревовите со исповед, со радост оди по Него, по патот на Неговите заповеди. На тој начин верата се раѓа од покајанието и на него почива. Оној кој што се кае цврсто се држи до верата, поради чувството на избавување кое што таа му го дава. Верата така живее од покајанието. Без покајанието таа е слична на дрво без внатрешен животодавен тек т.е. млитава и неживотворна.
САБОТА ПРЕД БОГОЈАВЛЕНИЕ
Во Божјиот дом, кој е црква на живиот Бог, столб и тврдина на вистината (1. Тим. 3, 15). Според тоа нема потреба да се вртиме околу себе и да ја бараме вистината овде или онде. Таа е блиску. Биди во Црквата, држи го сето она што таа го држи и ќе бидеш во вистината, ќе завладееш со вистината, ќе живееш по неа и во неа, и затоа ќе се исполниш со вистински живот. Надвор од Православната Црква нема вистина. Таа единствено го чува сето она што Бог го заповедал преку светите апостоли, и затоа таа е вистинска Апостолска Црква. Другите ја изгубија Апостолската Црква, но поради Христијанското чувство дека само Апостолската Црква може верно да ја чува и да укажува на вистината-решија сами да ја уредат. Тоа и го направија, и такво име и дадоа. Меѓутоа и дадоа име но не можат да и придодадат суштина. Затоа што Апостолската црква е создадена преку апостолите и преку Спасителот Господ, по благоволение на Отецот, и со благодатта на Светиот Дух. Самите луѓе такво нешто не можат да направат. Меѓутоа оние кои мислат дека можат, личат на деца кои си играат со кукли. Доколку на земјата нема вистинска (Православна) Апостолска Црква, тогаш залуден е трудот таа да сесоздаде. Но фала му на Господа кој што не дозволува на вратите на адот да ја надвладеат. Таа постои и ќе биде според Неговото ветување до крајот на векот. Тоа и е нашата Православна Црква. Слава му на Бога!
НОВА ГОДИНА. ОБРЕЗАНИЕ ГОСПОДОВО. СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ (ПЕТОК 31-ВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦАТА)
Новата година е почеток на сите денови во годината. Затоа пригодно е во тој ден во душата да се соберат сите мисли, чувства и расположенија, кои што како мисли достојни за Христијанинот, треба да управуваат со сите негови дела во текот на целата година. Нив веднаш ќе ги најдеме само што ќе помислиме што Нова година претставува во духовниот живот. Во духовниот живот Новата година постои тогаш кога оној кој што живеел во негрижа ќе почне да ревнува за своето спасение и да се труди во богоугодување. Затоа што оној кој што ќе реши такво нешто, се внатре во себе и надвор од себе одново преустројува по нови начела-старото поминува и се бива ново. Ако кај тебе веќе е така, преостанува да се обновуваш во истиот правец, а доколку не е- започни одново и кај тебе навистина ќе биде Нова година.
На тоа се надоврзува и достојно празнување. Обрезанието Господово и молитвеното прославување на споменот на свети Василиј Велики. Суштината на споменатата промена се состои во тоа човекот од тој момент да живее само за Бог( и за своето спасение), а не повеќе исклучиво за себе како претходно (со што себеси си подготвувал само пропаст). Со тоа тој ги отфрла поранешните навики, сите утехи и се она во што порано наоѓал задоволство, отсекувајќи ги страстите и похотните расположенија и се зафаќа со строго самоодрекување. Таквата промена претставува токму она што според апостолот треба да биде обрезание на срцето-она на што не опоменува и на што не обврзува празнувањето на празникот Обрезание Господово. Пример затоа имаме во личноста на свети Василие Велики. Така сите работи кои се нудат за размислување по повод Нова година се сведуваат на едно-на нашето внатрешно обновување преку обрезувањето на срцето. Оној кој со Божја помош во Новата година ќе се усмери на овој начин, па покрај размислувањата да го преуреди и својот живот, на најсовршен начин, христијански ќе го помине празникот и ќе се подготви за христијанско поминување на целата година. Следната година само ќе биде потребно да го повтори и да го оживее она што сега го практикува.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (18.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.