На 17.11.2024 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, отслужи Света Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Сидер Гроув, Њу Џерси. На Архиепископот му сослужуваа бројни свештенослужители од Американско-канадската и од Скопската епархија, како и
На 14.11.2024 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, пристигна во посета на Американско-канадската епархија, придружуван од презвитер Даниел Јовановски и протоѓакон Александар Димитријов. Посетата, којашто Архиепископот ја извршува по покана на надлежниот Архијереј,
Мислењето за Исуса Христа, испратениот од Бога, се ширело низ цела Јудеја и околината. Но, не секаде и не секој познал дека тоа чудо е од раката на Месијата, Синот Божји. Во очите на Јудеите, по многуте минати времиња, имало големи пророци, како што бил пророкот Илија,
За телесното здравје барем денес има многу достапни информации и многумина се грижат за здравјето на телото, преку здрава храна и вежби, за духовниот живот и духовното здравје ни зборува Господ преку Евангелието и делата на светите отци, а за душевниот живот и здравје како да не се грижиме доволно. Иако човекот е трослојно битие,
Луѓето се приближуваат кон Бога верувајќи во Него и разговарајќи со Него преку молитвата. Животот на луѓето е таков што секој ден имаат што да Му кажат на Бога, но, исто така, имаат потреба и да чујат што ќе им каже Бог на нив. Затоа и апостолот Павле вели: Бог кој во старо време, откако многупати и на многу начини ни зборуваше (Евр. 1, 1).
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати реиздание на книгата „Голем е Бог“. Ова издание на издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ го преведе протоереј-ставрофор Игор Никовски. Во книгата се опишани голем број на моменти од животот на старец Клеопа, како и неговите пастирски поуки.