Известуваме дека излезе од печат второто издание на книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”. Станува збор за најавтентичниот извор за животниот пат и за опитното учење на современиот светител на Православната Црква.
Преводот од грчки јазик е на јеромонах Атанасиј Арсоски.
Да чуеме што вели свети Григориј Палама: ’Воведените во тајните од Господ (Апостолите), тогаш преку промената на сетилата, која во нив ја предизвикал Светиот Дух, биле приведени од состојба на тело во состојба на дух‘. И уште вели: ’Христос во моментот на Преображението не примил ништо што дотогаш немал, ниту се променил во нешто што претходно не бил,
На литургијата и чинот на благословување на грозјето присуствуваше и премиерот на владата на Р. Македонија г. Христијан Мицковски со членови на владата и пратеници на Собранието на Р. Македонија. Црковниот одбор за целиот верен народ приреди трпеза на љубовта.
Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, чиноначалствуваше на Света Божествена Литургија во манастирот Нерези, на чијшто прекрасен храм, посветен на светиот великомаченик Пантелејмон, годинава му се навршуваат 860 години од издигнувањето и фрескописувањето.На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На 2.8.2024 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророкот Илија – Илинден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан богослужеше на Светата Литургија во храмот „Свети Илија“ во населбата Аеродром.
На Светата Литургија во чтец беше ракопроизведен г. Владимир Петковски.
Сведоштвото на свети Илија е неопходно и во нашиве дни. Живееме во противбожни времиња, во кои сѐ помалку има место за Единиот вистински Бог, Кој заради нас Се воплоти и стана Човек. А светот, кој Го отфрли и Го распна, еве, и во дваесет и првото столетие упорно избира да остане антихристијански, да биде свет во кој непријателот на нашето спасение