На 21.9.2021 година, кога Црквата го празнува Рождеството на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан присуствуваше на Божествена Литургија во ставропигијалниот манастир посветен на Рождеството на Пресвета Богородица во Калишта.
На 20.09.2021 година, во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, чиноначлствуваше со Празничната вечерна богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.
Вечерната молитва беше проследена со литија низ централното градско подрачје.
Во понеделник, на 20.09.2021 година, во навечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во Центарот на Скопје. Вечерната молитва ќе биде проследена со Литија околу централното градско подрачје.
Исусовата молитва не може да се исклучи од севкупниот живот на верникот, не може да биде одвоена од подвизите и Литургијата на Црквата, не може да се практикува без православно исповедање на верата. Секој обид, да се практикува оваа свештена молитва, надвор од Светата Литургија, или надвор од Православната црква, завршува со тотален неуспех и застранување со умот.
Книгата која ја имате пред вас е дело на светиот Никодим Светогорец, монах од XVIII-XIX век. Времето во кое живеел било тешко, под турско ропство, со постојани закани и опасности, присилна исламизација, време во кое православната богословска наука многу заостанала, па дури и сосема замрела во некои краишта. Поради необразованост голем дел од клирот не можел да проповеда, да го
„Без мене не можете да направите ништо“ вели Словото Божјо, па затоа секоја година во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево на почетокот на новата учебна година на Божествена Литургија на која присуствуваат сите ученици на Богословијата, се извршува чинот призив на Светиот Дух.
На втората, историско-литургиска тема, говореше свештеникот Александар Димоски, кој даде кус историски осврт и поттикна размислување за тоа дали свештенството треба трипати да пие од Евхаристиската Чаша. Двете теми пробудија голем интерес кај свештенството, и се отвори и кратка дискусија.
На 05.09.2021 година, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во манастриот „Свети Јован Крстител“, во Слепче, во монашка риза потстрижа шест расофорни монахињи, четири монахињи во мала схима и една монахиња во големата ангелска схима.
(Обновено)Вo свoјата старoст Таа чeстo сe мoлeла на свoјoт Гoспoд и Бoг на Eлeoнската гoра, на мeстoтo на Вoзнeсeниeтo Нeгoвo, штo пoскoрo да ја зeмe oд oвoј свeт. Вo eдна прилика ѝ сe јавил архангeлoт Гаврил и ѝ сooпштил дeка пo три дeна ќe бидe упoкoeна. И ангeлoт Бoжји ѝ дал eдна гранка oд палма, штo ќe сe нoси при нeјзината пoвoрка. Сo гoлeма радoст Таа сe вратила дoма, пoсакувајќи вo срцeтo уштe eднаш вo oвoј живoт да ги види ситe Христoви апoстoли. Гoспoд ѝ ја испoлнил oваа жeлба и ситe апoстoли, нoсeни oд ангeли и oблаци,