Помисли: кога и јас би знаел да се молам.
И во моментот му текна. Се спушти на колена и почна: A, Б, В, Г, Ѓ, Ж, Ѕ... онака, како што ги имаше запаметено буквите од азбуката, од тоа што го беше научила поголемата сестричка која сега веќе одеше на училиште.
Новина во ова издание е акатистот посветен на празникот Животворен извор на Пресвета Богородица – Балаклија. Да ги умножиме нашите подвизи, да ги засилиме нашите молитви, а во овој подвиг најмногу ќе ни помогне токму овој Богородичен псалтир. Ова најново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е превод на свештеник Јани Мулев.
На 11.3.2022 година, петок од првата седмица на Великиот пост, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Акатистот се чита во повеќе прилики, а не само во постот. Светогорското предание вели дека Пресвета Богородица им се јавила на повеќе светогорци и им објавила дека, оние кои секој ден ќе го читаат нејзиниот акатист, таа нема да ги остави сами ниту во овој живот, ниту на судот, туку Самата Таа ќе ги закрилува и нема да дозволи да бидат осудени.Затоа во манастирите се чита
Еве го правиме веќе вториот чекор во живоносната пустина на Постот, и како што навлегуваме подлабоко во неговите возвишени пространства, така сè повеќе не обзема сознанието дека овде на земјата сме само привремени гости, дека таму некаде на крајот од овој краткотраен живот нè очекува нашата вистинска татковина
На 6.3.2022 г., Сиропусна недела и ден во кој Црквата си споменува за Адамовото изгнанание од Рајот, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Вечерна богослужба со Чин на простување во Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски” во Скопје.
На 4 март оваа година се навршуваат дваесет и шест години од упокојувањето на Архиепископот Гаврил, трет архиепископ на возобновената Охридска архиепископија, денес Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Архиепикопот Гаврил ќе биде запаметен по неколку крупни успеси што ги направи .
Јазикот мора многу да се намачи за да се искупи за секое празнословие и за сите свои падови и мора да ја стекне навиката за молитва. Навиката не може да се створи без труд и работа. За да дојде благодатта, мора да се пројави и смирение. После тоа патот ќе биде отворен. Молитвата ќе се прилепи за нашето дишење, а умот ќе се разбуди и ќе ја следи.
Секој што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена мартинка (нешто како нараквица направена од црвен и бел конец) со некаква вера дека тоа ќе му донесе здравје и среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни.
На многу фрески низ нашите православни храмови може да се забележи една несекојдневна, но многу впечатлива сцена, на која фрескописецот мошне вешто ги преточил во слика Христовите зборови кои ги слушнавме во денешното Евангелско четиво. Всушност, на тие фрески е претставен Страшниот Суд каде шго Господ Исус Христос иајпрво гледа надесно и им се обраќа на оние,
“Би билo нeправeднo да сe прoпушти oна штo сe случилo при самoтo прoгoнствo (на Мeлeтиј oд Антиoхија). Кoга градoначалникoт сeднал вo кoлата и дo сeбe гo пoставил свeтитeлoт, запoчнал брзo да вoзи низ пазарoт, граѓанитe ја засипалe нeгoвата глава oд ситe страни сo камeња какo сo град, бидeјќи нe мoжeлe лeснo да сe раздeлат oд свoјoт архијeрeј и билe рeшeни пoбрзo да сe раздeлат oд живoтoт oткoлку oд oвoј свeтитeл.
Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).
Денес, во Неделата на митарот и фарисејот, викарниот епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.