Излезе од печат Божикното издание на списанието „Православна Светлина“
Се надеваме дека и ова Божикно издание на „Православна Светлина“, ќе ја зголеми радоста која ја обзема секоја православна христијанска душа во овој дел од годината, кога го празнуваме раѓањето на Богочовекот Христос, Спасителот на светот.
Бесплатниот примерок од списанието можете да го најдете во сите цркви и манастири низ Повардарската епархија.












На 8.12.2022 година, денот во кој Црквата го прославува празникот на заштитникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, свети Климент Охридски, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше на Божествена литургија во Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски” во Скопје.
На 7.12.2022 година, во пресрет на празникот Свети Климент Охридски, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, чиноначалствуваше со Празнична вечерна богослужба во Соборниот
На 6.12.2022 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Вечерната богослужба со која, по 55-ти пат, започна прославата на патрониот празник на Македонската православна богословија, „Свети Климент Охридски“



Во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча, беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на надлежниот Митрополит Струмички г. Наум и неговиот викарен Епископ г. Јаков Стобиски. Верниот народ се поклони на моштите на свети Григориј Палама и на свети Кирил Лешочки.























