.Доверувај Му ја секогаш својата потреба на Господ, во простотата на срцето
Верата води кон смирение пред Бога како креативен почеток на животот. Дарот на верата не е непотребен товар, тој не е мртов капитал, не е празно суеверие, но служи како мотор на срцето, мислата и волјата на човекот. Од досега кажаново произлегува прашањето дали Го препознаваме Христос како Господар на нашата секојдневна активност, бракот, семејството, финансиската ситуација, нашата иднина и иднината на денешниов свет? И уште! Колку вистински дозволуваме суптилноста на овој свет, да ни ја потисне и да ја неутрализира верата што ја носиме во себе?
Ден кој не ти краси облека
само наметка на себе опаша,
сестро - служба доаѓа.
Поминаа снегови
во зима вијулици,
лето, од сонце жеги,
сестро – служба заврши.
Налани во опинци претвори
боси нозе со волнени чорапи
сестро – ветришта имаа свои патеки.
-За мене денес беше извонредно изненадување да го посетам Бигорскиот Манастир на Свети Јован. Едно исклучително богатство за православните верници и за сето човештво. Уште еден повод не само да се биде горд за ова извонредно дело, но и за заедничко чување и промовирање. Ќе се вратам овде набргу, напиша албанскиот претседател Илир Мета во книгата на впечатоци при денешната посета на Бигорски манастир, напиша Мета.
Затоа, не сакајќи да останеме без никаква реч, туку да оставиме едно макар и најмало сведоштво за неговиот досегашен крстовоскресен живот, ја составивме оваа скромна книга со фотографии од разни моменти од неговиот живот и кратки соодветни текстови. Поводите за издавањето на книгата се достојни за спомнување и одбележување: 1000 години од основањето на Свештената Бигорска Обител, 50 години од раѓањето по плот на Старецот и 25 години од неговата монашка и свештенослужителска дејност.
А како благодарност за архипастирските молитви и поддршката за синодската прослава на бигорското илјадалетие, нашиот старец и игумен, владиката Партениј го одликува Архиепископот г. г. Стефан со највисокото милениумско одликување на Бигорскиот Манастир – лента со ѕвезда и крст со ликот на Чесниот Претеча. Од своја страна, пак, Архиепископот му подари на денешното славје едно прекрасно вдахновено слово за денешното историско собитие, за бигорското минато, но и совремие.
Слово на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, при одбележувањето на 1000-годишнината на Бигорскиот Манастир „Свети Јован Крстител“, на 18 октомври 2020 година.
Денешниов свечен ден е прекраток, за да ги опише, барем, главните настани од илјадагодишната историја на Бигорски. Но, кога, за момент, на овие илјада години би гледале како на еден ден, тогаш би можеле да го видиме првиот Охридски архиепископ Јован Дебранин како го основа и осветува манастирот. Би биле сведоци на генерации верници, монаси и мирјани, како ја надградуваат и оддржуваат жива, бигорската обител. Би ги виделе македонските неимари како од варовник ги ѕидаат овие прекрасни градби, легендарните Мијаци – копаничари како трпеливо го резбаат бигорскиот иконостас, прочуените зографи како ги сликаат познатите фрески и икони.