АРХИВА: Мартинки (01.03.2017)

Секој што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена мартинка (нешто како нараквица направена од црвен и бел конец) со некаква вера дека тоа ќе му донесе здравје и среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни.





Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).
Денес, во Неделата на митарот и фарисејот, викарниот епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
На денешен ден, пред 150 години, во македонското семејство Делчеви, во Кукуш, се родил идниот учител, идеолог, организатор, стратег, револуционер и војвода, се родил великиот син на Македонија, се родил Гоце! И еве, по повод неговиот роденден, дојдовме молитвено да го одбележиме денот на неговото раѓање (поклонувајќи се пред неговото избрано почивалиште, за кое и самиот оставил аманет – кога ќе почине неговиот гроб да му биде во престолнината доколку се оствари слободна Македонија);


На 19.01.2022 г., празнувајќи го Богојавлението Господово, кога Спасителот наш Господ Исус Христос се крсти во реката Јордан, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Кирил Трајковски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.
Истиот ден на 19.01.2022 год. кога Светата Православна Црква го празнува празникот Крштение на Господ Исус Христос - Богојавление - Водици, во 12 часот на мостот на Кочанската река, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во присуство на многуброен верен православен народ и свештенослужители од Брегалничката Епархија, изврши Голем Богојавленски водосвет и го потопи светиот крст.
И ние денеска, наоѓајќи се во овој свет храм овде во Тетово,на овој голем празник Богојавление, со покајни солзи да ги измиеме нашите престапи, грешки и гревови, и така очистени од секакви духовни нечистотии, да измолиме милост Божја. Милоста Божја да слезе врз нас. Да ни го осветли патот и да ни го просвети умот за да може да одиме по Христа. И така, живеејќи во Христа да спечалиме живот вечен и царство небесно. Амин!
На 19.1.2022 година, денот во кој Црквата го прославува Богојавлението Господово (Водици), Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Архијерејска Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. По Литургијата беше извршен Голем водосвет; потем Архиепископот, свештенството и бројниот народ се упатија 
























