На 10.06.2021 година, во спомен на Вознесението Христово, настан што се случил 40 дена по Воскресението, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на свештенослужители, отслужи Божествена Литургија во храмот„Свето Вознесение“ во населбата Драчево. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот богослов Илија Петров.
Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.
Како покровител на манифестацијата, Премиерот г. Зоран Заев во својот говор, меѓу другото, истакна дека „сите мисии на Светите браќа Кирил и Методиј биле мисии на обединување. Нивната мисија на обединување на словенските со другите народи на Европа пред нешто повеќе од 1150 години, покрај христијанизацијата на словенските народи, имала и извонредно и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значење.
Со тријазичното издание на Прогласот од свети Кирил Солунски, во издание на Друштвото на писателите на Словачка, во соработка со Словачката народна библиотека, која истово дело го издаде и во 2013 година – на црковнословенски, на словачки и на македонски јазик, се потврдува колку било, колку е и колку ќе биде значајно местото на разбирливиот јазик во општењето на