На 3-ти октомври 2017 година, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, во Скопје, по Вечерната богослужба,протопрезвитер Бранислав Стојанчов, во сослужение на свештенството на МПЦ-ОА, отслужи Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј беше отворен за поклонување од страна на верните.
Свети Јоаникие, моли Го Бога за нас!
Кондак 1
Избран и прекрасен отче наш Јоаникие, минувајќи го пре-
подобно твојот живот, со постот како нов пустиножител
се покажа, а со молитвите како телесен ангел заблеска. Оста-
вајќи го светот, кон Христа се прилепи и со сострадална љубов
духот го распна. Очистувајќи го срцето, гревот го победи и како
чудотворец се објави, затоа и ние ти повикуваме:
Радувај се, преподобен отче Јоаникие, ракотински чудотворче!
Икос 1
Ангелоподобен од мајчина утроба се покажа, подобен на
оној што е најголем помеѓу родените од жена. Јован се на
-
рече, и подвигот Претечев на рамо го понесе. Како тивок ветер
од пустината на животот се појави, и спасението на родот наш го
предвести. Повторно од Охрид духовна просвета се роди и ра
-
Радост небесна се објави. Восхитени од чудесната промисла Божја,
Јоаникие, ти пееме вака:
Радувај се, телесен ангелу!
Радувај се, на Рајот жителу!
Радувај се, на сопственото срце пустиножителу!
Радувај се, на трпението апостолу!
Радувај се, светило што во духовен мрак свети!
Радувај се, ветру што за љубовта во Бога пееш!
Радувај се, духовни нечистотии миеш!
Радувај се, телесни похоти скротуваш!
Радувај се, претечо на духовната обнова!
Радувај се, предвеснику на нашето исцеление!
Радувај се, преподобен отче Јоаникие, ракотински чудотворче!
Акатист
на преподобниот отец наш
Јоаникиј Ракотински (.PDF)
Издава:Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА
П.П