логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Молитви за лекување и исцелување

Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам.

Господи, помогни ми во овој тежок час да се ослободам од болеста за да Ти служам со радост. Сакам да го посветам животот во служба на Твојата Љубов, на исполнувањето на Твојата Волја.

Повеќе...

Jakov.Beseda

Родово изедначување или изобличување на личностите (10.05.2023 16:42)

Ги слушам и читам деновове апологетите на Предлог-законот за родова еднаквост. Спектарот е прилично шаренолик – од пратеници па сè до активисти од НВО, но и оние од категоријата којашто е сублимат од двете – ем владини ем невладини, и секако, што е уште почудно, министерка чиј ресор не е МТСП – труд и социјална политика; сите тие повикуваа да се донесе законот во оваа форма во име на „женските права“.

И покрај шареноликоста на бранителите, тие за сигурно користат една иста реторика и, секако, сè уште сите ѝ ја презентираат на јавноста истата предлог верзија на законот (сè уште не сме виделе нова), којшто јас јавно го критикував, образложувајќи дека во својата суштина е антифеминистичен, во себе крие сериозна опасност за дискриминација и угнетување на жените и девојчињата од т.н. транс-жени и „различните родови идентитети“, но и менување на општествената свест и дефиницијата за тоа што претставува жената и кој човек, всушност, може да биде жена.

И, додека ја развиваат апологетската мисла во однос на законот, секоја конструктивна критичка мисла и говор, дури и најдобронамерните, се замолчувани или, во најмала рака, спинувани. Главната причина за ова манипулативно спинување на наративот е предизвикување конфузија во јавноста и етикетирање на Црквата како мизогона, антифеминистичка и дискриминаторска кон жената и нејзината улога во општеството, и тоа само со една цел – да се обезвредни секоја конструктивна критика на новите предлогзаконски решенија, кои на широка врата сакаат да внесат фундаментално редефинирање на македонското општество преку овие нови легално-политички наративи во кои родовата идеологија е „платформата и траекторијата“ преку која ние конечно ќе заживееме во една нова, т.н. воук („разбудена“) парадигма.

За штетните последици од родовата идеологија последниов период се организираа повеќе трибини и јавни дебати, кои покренаа лавина реакции и полемики во јавноста, што самото по себе зборува за сензитивноста на оваа тема.

Мојот личен впечаток е дека луѓето и критичката јавност полека, но сигурно влегуваат во тек со овие современи цивилизациски предизвици со кои се соочуваат општествата денес, а од кои и нашето не е исклучок.

И затоа е важно да продолжи јавната дебата, зашто за прашања од јавен интерес и кои го засегаат буквално секој поединец во Македонија, јавноста мора да е информирана, со цел на секој граѓанин да му се овозможи да заземе став пред да се случи да се разбуди „воскреснат“ во џендер-флуидна пеперутка.

Се надевам родовите апологети нема да ми замерат за иронијата која ја позајмив од нивниот арсенал на „аргументации“, бидејќи освен етикетирањата и ad hominem нападите од нивна страна, како одговор на критиките на новите предлог закони, не сретнав ниту една систематизирана и научно втемелена одбрана на тоа како преку новата примена на поимите родов идентитет и род (дефинирани конкретно во контекст на родовите теории) ќе придонесе за зголемување на правата на жените и нивна„родова“ рамноправност, наместо општествена и институционална конфузија и дополнителна поделба на нашето и така фрактурирано општество.

Мене лично, од стратешки аспект, ми е разбирливо нивното молчење, затоа што јавното споделување на родовите ставови повеќе ќе им направи штета, со оглед на тоа што нивните идеолошки убедувања, во најмала рака, за пошироката популација се скандалозни. Така, ним им е од полза мудро да молчат сè додека не се донесе законот, за потоа да имаат прилика родово да нѐ сензибилизираат, но и нема баш да мораат, затоа што приоритетен таргет им се новите генерации и нивна индоктринација преку образовниот процес, познат како родово сензитивно образование.

Предлог-законот за родова еднаквост, како законско решение, наместо да ја унапреди борбата за рамноправност, сметам дека ќе предизвика трајни и непоправливи штети во нашето општество. Ќе се обидам накратко да ги резимирам спорните моменти во законот.

Првиот спорен момент е залагањето да се укине постоечкиот закон за Еднакви можности помеѓу мажите и жените кој за македонското општество претставува своевидна победа на феминистичката борба за еманципација на жената во сите сфери на општествениот живот.

Содржински, овој високоспецијализиран закон го предвидува залагањето на државата за рамноправност и креирање на еднакви можности за мажите и жените во остварување на нивните права со сите свои особености, но и очигледните различности кои во себе ги носат двата пола.

Еве, дури и кога би оставиле можност да се изолира експлицитната застапеност на родовата идеологија во Предлог-законот и навистина фразата „родова еднаквост“ ја толкуваме во духот на половата рамноправност која треба да овозможи еднакви можности во однос на остварување на правата на жените и мажите, тој израз сепак поборниците за „родова еднаквост“ не го сакаат, со образложение дека е премногу ограничен за да ги регулира на терен наметнатите родови улоги, т.е стереотипи од општеството.

Од каде доаѓа таа идеја? Од претпоставката дека мажите и жените, освен по биолошките и половите разлики, се апсолутно идентични и во однос на психолошкиот аспект на постоењето, но и на перцепцијата на светот околу нив, на желбите, афинитетите, одлуките што ги носат итн., па сè дотаму дека грижата за детето на најмала возраст не смее да ѝ се „наметнува“ единствено на жената под плаштот на мајчинството.

Што правиме со незаменливиот однос помеѓу мајката и детето, кој се изградил додека детето било во нејзината утроба, па се смирува само во нејзините раце, препознавајќи ја дури и по ритамот на срцето и мирисот? Каков црн закон може да изедначи кој било маж со мајката во првите месеци, па и години од животот на детето, па макар тоа бил и неговиот татко!?

И, за да нема крај апсурдноста на оваа родова реторика, уште тврдат дека законот за родова еднаквост ќе ја смени традиционалната перцепција за т.н. родови улоги.

Како!? Ќе одат државни службеници по домовите на граѓаните и согласно законот ќе ги распоредуваат семејните обврски рушејќи стереотипи!?

Искуството на нордиските општества, каде што родовата еднаквост е реалност со децении, го кажува токму спротивното. Афирмативни промени во однос на женските права навистина постојат во професиите како политиката и дипломатијата, менаџирањето и раководењето на компании каде жените некаде се застапени и над 50%.

Важно е да се потенцира дека тоа се професии и работни места коишто во исто време се и позиции на моќ. Кога станува збор за професии кои подразбираат работа со деца во градинка и основно образование, тука апсолутно доминираат жените, и тоа до 90%. Помеѓу медицинските сестри речиси и да нема мажи.

Во машките професии (според доделените родови улоги), како што е градежното инженерство, жените достигнуваат застапеност одвај до 10%. Ова е една од поценетите и најплатените професии во Норвешка. Токму од оваа перспектива можеме да зборуваме за т.н. норвешки парадокс на родовата еднаквост.

Низ годините норвешката влада се обидувала преку различни проекти да ја изедначи застапеноста на мажите и жените во овие професии, но безуспешно. Од 80-тите до денес, оваа статистика останува непроменета. Мажите се генерално заинтересирани за објекти, односно за начинот на кој функционираат нештата, додека жените претпочитаат да работат со луѓе.

Да заклучиме, не е проблем само несреќно, но сосема свесно избраниот оксиморонски назив на законот, туку заговорнички испланираната содржина и франкенштајнски скрпената форма.

Стапувањето на сила на новиот Закон за родова еднаквост практично ќе значи трагична загуба на привилегијата на жената да има свој посебен закон, кој ќе се залага за унапредување на нејзините права и еманципација.

Зошто го велам ова? Затоа што со новиот Предлог-закон за родова еднаквост се прави апсурден обид да се направи спој од Законот за еднакви можности на мажите и жените и Законот за заштита и спречување на дискриминација во општеството. Притоа, продуктот на оваа идеја да споиме два закона во еден, наместо да ни понуди соломонско решение, ни презентира обланда-закон кој изобилува со конфузија и контрадикторности, разводнувајќи ја женската борба за еманципација и комбинирајќи ја со сите други групи и нивните агенди и борби. Заблуда на која можат да ѝ позавидат и древните алхемичари.

Едно е да се препишуваат транспаренти, а сосема друго – закони. За првото се добива „квалификација“ за неинвентивност, а за второто – за неукост. Затоа повеќепати повторувам дека жената е најголемата колатерална штета овде, бидејќи од готов закон кој се залага за нејзина рамноправност, таа станува само потточка и подкатегорија во закон кој не може а да не се протолкува како малициозен обид за субверзирање на општествениот поредок со редефинирање и нова примена на поимите пол и род, што нè носи и до вториот спорен момент.

Спорниот момент е во тоа што, внимавајте, со новиот Предлог-закон за родова еднаквост се предвидува воведување на нова основна класификација на индивидуите, и тоа по категорија род, а не според пол. Е, сега, некој ќе рече дека ова не е точно, затоа што поимот род и поимот пол се спомнати и во постоечкиот закон и во Предлог-законот за родова еднаквост. Точно, но овде имаме една интересна семантичка игра за која родовите идеолози се надеваат дека нема воопшто да се разговара, односно дека постои јасна делинеација на она што значи род во контекст на постоечкиот закон и она што значи род во контекст на Законот за родова еднаквост.

Во однос на постоечкиот закон, терминот род е само дообјаснување на биолошкиот поим пол, односно биолошката реалност на она што е маж и она што е жена, т.е. родот е социјалната димензија на полот, улогите, нормите и очекувањата што едно општество ги има за мажот и за жената. А кога се зборува за род во контекст на Предлог-законот за родова еднаквост, родовите идеолози се залагаат дека родот и вклучително полот се социјални конструкции, дека не постојат објективно детерминирани категории маж или жена, т.е. она што тие го нарекуваат бинарен систем, туку постои само род како начелна класификација, кој е субјективен и припаѓа на спектрум, односно ако биолошки маж субјективно се доживува како жена, тогаш тој е полноправна жена и обратно, ако биолошка жена се доживува како маж, тогаш таа не е ништо друго туку – маж.

Исто така, една личност може да биде и маж и жена истовремено ако така се доживува или, пак, воопшто да не се идентификува како маж и жена, туку со нешто сосема трето.

Според ова, единственото мерило за родот е нашето лично субјективно доживување и оттаму и потребата од следниот контроверзен поим – „родов идентитет“, кој треба да го дообјасни поимот род и да му го дополни концептуалното значење, што самиот поим род го добива преку теориите кои произлегуваат од родовото идеологизирање.

Вака редефинираниот поим род не предвидува биолошки разлики помеѓу мажите и жените.

Тргнувајќи од ова, замислете, ќе мора да прифатиме дека постојат жени кои оплодуваат и мажи кои раѓаат.

Тогаш што е ова ако не обезличување на мажот, а особено на жената?

Сета оваа конфузија произлегува од причина што овој закон не се темели на емпириската стварност, која секогаш е едноставна и јасна, туку на примена на поими, кои поддржуваат анти-реалистични ставови дека биологијата не е конечен и дефинирачки маркер за она што значи да се биде жена и маж, туку субјективните чувства и доживувања на секоја личност за самата себе.

Поимите род и родов идентитет се производи на општествените науки и самите по себе немаат цврста епистемиолошка тежина, бидејќи по природа се дескриптивни, полни со јазични игри и идеологија што нè води до последниот и воедно најспорен момент кој го предвидува Предлог-законот за родова еднаквост, а тоа е да бидат опфатени и децата, односно „лицата под 18 години“.

Овој опасен дел од законот им ја дава полноправната можност на момчињата и девојчињата да го изберат родот со кој ќе се идентификуваат. Настрана од тоа што ова експлицитно ја тиранизира родителската автономија во однос на воспитувањето на своите деца, овој закон промовира механизми за преиспитување на идентитетот на децата уште од најрана возраст, односно кога детскиот развој е најделикатен. Велам деликатен, бидејќи основните градбени единици на човековата личност се втемелуваат уште од најмала возраст, вклучително и идентификацијата на детето со биолошките карактеристики на неговиот пол, како една од основните компоненти на неговата личност.

Случаите каде што една личност во текот на својот развој ќе се идентификува со карактеристиките од спротивниот пол, психијатријата го третира како нарушување на родовиот идентитет или, според најновата класификација, „родова дисфорија“, кој е новоискован термин со цел да се префрли фокусот на растројството од родот кон длабокото чувство на нелагодност и отуѓеност од сопствениот пол.

Но, тоа не го менува фактот дека зборуваме за растројство или нарушување, за отстапка од нормалата, т.е нормата, која не може да биде причина за фундаментално редефинирање на фактот дека полот и половиот идентитет се природна целина.

Еве, постојат луѓе со нарушување на идентитетот кој се однесува на нивното тело, односно дисфорија на телесниот интегритет. Овие луѓе чувствуваат отуѓеност од сопствените сосема здрави телесни екстремитети и органи, и себеси се идентификуваат како транс-хендикепирани, односно ампутирани или парализирани лица, притоа чувствувајќи желба и нагон рацете и нозете да им бидат отстранети, т.е. ампутирани.

Како што е познато, и телесниот идентитет е компонента на човековата личност, па по логиката на родовите идеолози, личното доживување на овие кутри лица е сосема валидна причина Фондот за здравство да започне да ги покрива медицинските процедури за доброволна ампутација, со цел да ги задоволи нивните идентитетски потреби да бидат инвалиди, и со тоа да им се „олесни“ страдањето.

Или, пак, за еден идентитет важи едно, а за друг идентитет – друго?

Зошто кога мало момче ќе рече дека се чувствува како девојче, неговото субјективно доживување да го прифатиме како рефлексија на објективната реалност, а секоја друга идентитетска дисфорија да ја сметаме за ментално растројство?

Родовите идеолози може да веруваат во што сакаат, но не постои ниту една научна студија која потврдува дека постои јасна биолошка втемеленост која придонесува за појава на родова дисфорија, односно непоистоветување со полот.

Воопшто, отворањето на можност за преиспитување, експериментирање и можност за избор на родовиот идентитет кај деца и млади до 18 години, што всушност го овозможува овој закон, е крајно недозволиво и апсолутно неприфатливо од страна на секој добронамерен човек, но од перспектива на родовите идеолози тоа е сосема разбирливо, зошто нивната агенда го инпутира овој момент во законот од една единствена причина – бидејќи таргет им се токму децата.

Не смееме да дозволиме новиот закон за родова еднаквост да стане правна основа за индоктринација на нашите деца преку образовниот процес и преку којзнае кои други мерки и механизми. Не смееме да дозволиме да оставиме генерации на деца со идентитетски кризи и непоправливи психички и физички штети, бидејќи единствено ние ќе ја сносиме одговорноста.

Бог нека ни е на помош!

Викарен Епископ Стобиски, г. Јаков

Мај 2023 лето Господово

Извор: Твериопол.мк

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1908
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2422
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Сè што е соединето со Бог, спасено е

Whatever is united to God, it is saved

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная