Митрополит Европски Пимен – Беседа за св.Петнаесет

Зашто денес за многумина црквата не е место каде животот би го положиле за Христа, туку е место за бегање од искушенијата барајќи преку нашиот наемнички однос со Бога награда за принесените молитви и дарови, награда за сите испостени денови, за сите запалени свеќи. Наградата ја замислуваме во вид на среќа и заштита од искушенијата и многу лагоден живот во кој парите ни даваат привидна сигурност.







Ние секогаш кога калкулираме со нашите работи кажуваме вака: ”Ех, два дена постев сега, уште еден ли? Јас одам да се причестам, среда и петок постам и доста е толку! Еден ден постев и ќе се причестам, доста е за оваа година, догодина пак!” Тоа се изворно изјавите на нашите ,,христијани”. ,,Тие секогаш прават некаков есап – ќе донесат зејтин, крпичка, ќе постат два дена, ќе се причестат и тие се “раздолжиле” со Господа, 
Треба да правиме разлика помеѓу Оној Кој секогаш е Господар, и во вечноста и во времето, и оној кој е господар само кога некој му служи, и тоа само времено. Нашиот Бог – Света Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух, Е Господар без оглед на тоа дали ние Нему Му служиме или не.
Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со човекот: првиот пат, кога не поверуваа дека бил слеп; и вториот пат, кога сакаа да го омаловажат делото Христово, а и Самиот Христос. И додека фарисеите паѓаа од грев во грев
Самиот Спасител ни порачува: „Одете и научете што значат зборовите - милост барам, а не жртва." Милосрдието, правењето милост едни на други, и едни кон други, е доблест која веднаш и безусловно ја вивнува човечката душа кон Бога. Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да врати заемот веднаш, но е должен да го продолжи синџирот на милоста околу себе, да ја надмине и умножи примената милост, раздавајќи милост околу себе. Тоа е дарот кој го имаме, кој сме го примиле, на кој секојдневно се поучуваме, а ретко го практикуваме.
























