Презвитер Горан Стојчевски
15-ти октомври , лето Господово 2014
Прашање од : Билјана
Знам дека многу во сонови и не треба да се верува, дека не заблудуваат и не тргаат од вистинскиот пат, но понекогас сонувам цркви и незнам накои светители се посветени и истите цркви многупати често ќе ги пронајдам и на јаве. Последно сонував убава црква со бела фасада во чиј двор имаше убави црвени рози, на сонот и незнаев за која црква станува збор, но подоцна патот (најаве) ме одведе во Струга во манастирот Калишта Првиот впечаток беше збунувачки. Од каде доаѓаат овие сонови?
Одговор:
Во поглед на соновите, еднас засекогаш св. Јован Лествичник, кажал дека, философ е оној кој не им верува на соновите. А, тоа значи, духовно се воздигнуваме кога мислиме на Бога, кога Нему му се молиме, кога Него го бараме, барајќи го Христа, ја бараме и љубовта кон ближните, и не си го губиме времето со толкување на сонови, како што сакаат демоните, туку не верувајќи на соновите, да се занимаваме со богомислие.
15-ти октомври, лето Господово 2014