Прашање од Ивона: како да го надминам стравот, кога ми се дешаваат убави работи многу се плашам и размислувам секогаш како ќе биде што ќе биде. Понатаму,.кога се работи нарочито за брак многу се плашам.како ќе ми биде во брак и не можам да се одлучам дали да се мажам, страв осеќам голем и од ставот за нисто не можам да се одлучам или да се врзам за некоја добра работа.ќе започнам нешто добро и ќе се исплашам и ќе го оставам.
Онапред ви благодарам.
ОДГОВОР
Стравот е состојба за која треба конкретна борба за да се победи. Се победува во моментите кога сме нападнати од такво искушение на страв. На таквите помисли на страв секогаш се спротивставуваме со постапка која е спротивна од таа која стравот ни ја сервира, без разлика колку ни се чини дека е страшна , постепено со низ на такви спротивни постапки и силата на сравот слабее. Треба да се знае дека најчесто стравот е нереален и е ирационален, и дека ни прави параноична слика на тоа што треба да следи , и веднаш по тие симптоми, според зборовите на св, Софрониј препознаваме дека тие помисли се сервирани од непријателот, од духот на поднебесието. Штом помислата ни создава темнина , тоа е знак дека доаѓа од непријателот. Ние секако се раководиме во постапките според совеста и по она како не учи верата во Христа, и по зборовите на старец Тадеј не смееме да дозволиме да тагуваме. Нашата најголема благодарност кон Бога е радоста. А како до радоста ? Со тоа што за се ќе му благодариме на Бога, без разлика дали тоа што ни се случува соодвествува на тоа што е наше очекување или не.Значи стравот влече корени и од преголемата грижа за себе, и непредаденост на волјата Божја.Секако, тука значајна улогата за надминување на стравот е советување со духовниот отец и со послушание кон него без сомнеж во исходот, а со тоа покажуваме конкретна вера во Бога.