Свети Исаак Сирин: Немој да го мразиш грешникот!
Немој да го мразиш грешникот, бидејќи сите ние помалку или повеќе сме виновни. И ако случајно за благодатта Божја тргнеш против него, подобро оплакувај го. И зошто го мразиш? Можеби неговите гревови ги мразиш? Но, да се молиш за него за да се уподобиш на Христа, Којшто не негодуваше против грешниците, туку се молеше за нив.