Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен
Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и станале зависни од Него, Кој е единствен независен по природа. Тоа значи дека тие, присоединувајќи се кон Него, стекнале вистинска слобода во Него, го достигнале совршенството на слободата и љубовта.