Преподобен Макариј Велики: За Исусовата молитва
Суштината на Исусовата молитва не е во зборовите, туку во постојаната борба за очистување на срцевото живеалиште на Светиот Дух (Јован 14:23). Кој се бори со страв Господов, тој ја познава својата слабост и Го моли Синот Божји Исус Христос за помош и нему Господ му ја подава раката, како кон Петар, и го "носи и води, поддржува и поткрева" на дланките на благодатта.