Ѓоко Ѓорѓевски: ПАРАБОЛАТА – ПРИКАЗНА ИЛИ ВИСТИНА?
За христијаните, кои редовно ги посетуваат богослужбите и оние кои имаат навика да одделат време за читање на Светото Писмо, кога ќе се спомне „парабола“ веднаш пред очи ги имаат Евангелијата и Новиот Завет. Тоа е затоа што за Господ Христос параболата е едно од претпочитаните средства за пренесување на спасителната благовесна порака.