Архимандрит Андреј Конанос: Тешко ни е да се довериме на Бога – VI дел
Во тој миг автоматски ми дојде на ум она што треба да го кажам, но потоа ми дојде една друга мисла и си велам: дали тоа што треба да го кажам е она што Бог го сака? Бидејќи тоа „треба“ е она од придобиената импулсивност во животот, од поучувањата, проповедите, порекнувањата, забелешките. И се прашав: Боже мој, така ли сакаш да се однесувам? Да кажам: Дете, тоа што го правиш е грев! Но, потоа си реков: тоа момче ме знае уште од кога имаше три години, има ли смисла да му кажам дека тоа што го прави е добро или лошо?